Доколку посетувате часови по јога, сигурно на крајот го слушате зборот „намасте“, но дали знаете што точно тој значи? Како во многуте традиции на јогата, постои можност да се влезе подлабоко во значењето и намерата на она што го изговарате, што го правите, како и низ начинот на кој се движите во животот. Ако сте вистински јоги, сигурно сте многу повеќе фокусирани на „како“ и „зошто“ за вашите постапки, од нивното површинско значење.rnrn
rnrnКога се поклонувате и изговарате „намасте“ на крајот од часот по јога, имате шанса да направите многу повеќе од означување на крајот на сесијата. Всушност, постои духовно откровение во вистинската смисла на „намасте“, па прочитајте го подлабокото објаснување на овој често слушан збор, кој е дел од мудроста на јогата.rn
Дефиниција на „намасте“
rnАко духовните традиции би се сместиле во еден збор, тоа би било „намасте“. Овој индоевропски збор ја доловува суштината на единството и разбирањето на вистинската природа на реалноста. На основно ниво, „намасте“ е поздрав од почит и благодарност. Традиционално индиско поздравување кое во буквален превод значи „ти се поклонувам“.rnrnВо Индија гестот „Анјали мудра“ (молитвена позиција на рацете) не само што го придружува зборот, туку е и синоним на неговото значење. Кога луѓето се разминуваат на улица, членовите од семејството меѓусебно се поздравуваат, децата изразувајќи им почит на постарите, и странците кои за прв пат се среќаваат, сите ги спојуваат дланките и се поклонуваат со почит еден кон друг.rn
Како се изведува поздравот „намасте“?
rnЗападните јогисти се прилагодиле на обичајот, да го завршат часот по јога изговарајќи „намасте“ и поклонувајќи се. Ова е начин на учителот и учениците да се заблагодарат меѓусебно за доброто време поминато заедно. Дланките и сите 10 прста се допираат, и палците се доближуваат до предниот дел на срцето. Вообичаено е учителот прв да го изговори овој збор, а учениците да го повторат.rn
Листа на преводи и значења
rnЕден од најчестите преводи е „Божествената светлина во мене се поклонува на божествената светлина во тебе.“ Постојат и други прекрасни значења, а еве и дел од нив:rn
- rn 011
- Го почитувам местото во тебе каде што живее целиот универзум.
- Се поклонувам на делот во тебе што е љубов, светлина и радост.
- Кога јас и ти се поклонуваме кон нашата вистинска природа, ние сме едно.
- Мојата душа ја препознава твојата.
- Ние сме исти, ние сме едно.
- Го почитувам делот во тебе што е ист како и во мене.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Духовното учење на „намасте“
rnСекогаш е од голема помош да се пронајде фраза која го доловува духовното учење. Сепак, постои многу повеќе во „намасте“ отколку што можеме да замислиме.rnrnОвој збор ја претставува идејата дека сите сме едно. Потврдува дека надворешноста која прави сите да изгледаат различно, е направена од едно исто нешто. Многу повеќе сме исти, отколку што сме различни.rnrnТантричката филозофија учи дека сè што постои е една божествена свест која доживува различни форми. Како човечко битие, во вашата природа е да заборавите дека некоја личност, мисла, чувство и искуство е совршено изразување на една божествена свест. Кога човекот ќе заборави (чувствувајќи се одвоено, помалку или повеќе вредено, споредувајќи се со кој било надворешен, непостојан аспект – да се биде повеќе од што налага неговата природа), тој страда. Учителите велат дека вашата духовна пракса е чин и уметност на едноставно потсетување за тоа кои всушност сте.rn
Гледајќи ги останатите
rnСо изговарањето „намасте“ (и мислејќи го), вие велите дека ги гледате другите во целост. Тоа е потврда на избор, да се идентификува божествената свест повеќе од егото, кое прави да верувате дека сте подобри и помоќни од кое било друго битие на планетава. Избор е да се применуваат духовните лекции од медитацијата и јогата, во секојдневието. Каков би бил животот доколку ги гледате сите целосно исполнети? Што ако се видите самите на овој начин? „Намасте“ помеѓу двајца јогисти е пакт, направен да се почитуваат највисоките, најискрените, највредните делови од нив, ослободувајќи се од ограничувањата.rnrnВо преводот на 1000-годишниот духовен текст, „Препознавањето на Сутрите“ (The Recognition Sutras), тантричкиот учител Кристофер Валис, објаснува како ова разбирање може да влијае на вашиот пристап кон животот:rn
„Кога еднаш ќе станете свесни за вистинската природа на реалноста, сè што ќе направите ќе прерасне во чин на почит. Едноставното живеење на обичниот секојдневен живот со целосна свест, прераснува во пракса на медитација, совршен начин на издигнување на сите суштества како и можноста да се биде свој. Бидејќи тантрата учи дека постои само еден во универзумот, сите дејствија се во вистината на божественото истражување на самиот, како и наградувањето и обожавањето.“
rnЕдно е концептно да се разбере филозофијата, но друго е да се почувствува. Да се разбере ова учење како вистина, е пат и цел.rnrnПронајдете значење на ова поздравување кое ќе биде од вашето срце, засадете семе во вашиот ум и секогаш кога ќе ги споите дланките, ќе го храните семето и неговиот нектар.rnrnНамасте!rn
Автор: Ана Патриклиева