Секој од нас верува дека доколку го чеша левата дланка ќе добие пари. Но, што значи кога нè чеша десната дланка? Дали за сето ова постои медицинско објаснување или тоа е само едно обично суеверие. Во продолжение прочитајте каква вистина се крие зад оваа појава…rnrn
rnrnСуеверието вели дека чешањето е поврзано со пари и во зависност од тоа која дланка ве чеша, дали левата или десната, вие ќе добиете или ќе изгубите пари. Доколку ве чеша левата дланка, тогаш ќе добиете пари, додека пак, чешањето на десната дланка претставува трошок.rnrnПостои и медицинско објаснување кое вели дека чешањето е поврзано со енергијата во вашите раце.rnrnОпшто земено, левата рака претставува можност, додека десната претставува активност. Па според ова, чешањето на левата дланка значи дека нешто ќе ви се појави во животот и дека поради тоа ќе треба да дадете пари.rnrnБидејќи десната рака кај поголемиот дел од луѓето е активна, доколку ве чеша, тоа значи дека енергијата од вашата работа излегува од вас и ви носи парична добивка. Чешањето на десната дланка значи дека енергијата излегува и се заменува со парите кои доаѓаат.rnrnЗа да го намалите чешањето на дланките, сè што треба да направите е да ги потриете од дрвена површина. Според едно народно верување ова ќе го намали чешањето бидејќи на тој начин енергијата од дланките ќе се пренесе на дрвото.rnrnСуеверието е прилично старо и додека некои веруваат дека е точно, други сметаат дека е само теорија. Кој од нив е во право?rnrnДоколку побарате нешто на Интернет за овој феномен, ќе откриете дека постојат многу луѓе кои доживеале слични случајности поврзани со пари, без разлика дали се работело за добивка или загуба.rnrnЗа ова не постои научно објаснување, но многу кои ја испитувале оваа појава, тврдат дека не треба да верувате во неа, туку да се осврнете на својот труд и напорна работа – и секако да не чекате да ве зачеша раката за да добиете пари.rnrnПрочитајте нешто повеќе и за суеверијата: Дали тие се резултат на потсвеста, желбите или чиста имагинација?
Што значи кога ве чеша левата или десната дланка?
