Суеверија: Резултат на потсвеста, желбите или чиста имагинација?

Сподели

Кога влегувате за прв пат во нечиј дом, треба да си замислите желба. Кога црна мачка ќе ви го пресече патот, ве очекува несреќа. Доколку седете спроти раб на маса, нема да се омажите. Што мислите, дали постои вистина во овие суеверија?

Реклама

Во многу традиции, па и во нашата, се задржале многу обичаи од постарите времиња кои денес се сметаат за суеверија. Тие најчесто се однесуваат на бременоста, свадбите и слично. Кој знае, можеби има вистина во некои од нив? Или пак, тие се поврзани со нашата потсвест, желби и имагинација?

Во продолжение прочитајте дел од суеверијата:rn

Црковен праг

rnВо Англија се смета дека доколку невестата прва го пречекори прагот, целиот живот ќе му биде „газдарица“ на својот маж.rn

Чајник

rnДоколку скршите чајник за време на подготовката на чајот, ве очекува лоша среќа.

Доколку чајот го мешате со лажица во чајник, ќе се скарате со пријателите.

Доколку имате чајник кој свири кога испушта пареа, знајте дека неговиот звук претставува добра среќа, а истовремено и повикува дожд.rn

Чаша

rnДоколку пиете од туѓа чаша, ќе ѝ ги дознаете мислите на таа личност.

Доколку на некој му подавате чаша со пијалак преку нечија глава, личноста преку која подавате, утредента ќе има главоболка.

Доколку ви падне чаша и не се скрши, ќе бидете повикани на свадба од страна на непозната личност.rn

Дете

rnМашкото дете кое наликува на својата мајка, ќе има среќа во животот.

Кога ќе се роди дете, најдобро е мајката прва да му подари нешто, бидејќи така тоа ќе биде среќно цел живот.

Доколку горниот дел од телото на новороденчето е збрчкано, следното дете што ќе го роди мајката ќе биде од спротивниот пол.

Доколку детето проголта влакно, треба да му се даде пире и путер, а следниот ден маслиново масло.

Доколку бакнете дете кое прв пат го гледате, тоа ќе ви донесе среќа. Исто ќе ви донесе среќа доколку му ги бакнете стапалата.

Доколку му дадете храна на дете кое прв пат го гледате, ќе му обезбедите живот во кој ќе нема недостиг на храна.

Доколку жената сонува дека нејзината мајка добила ново бебе, таа наскоро може да затрудни.

Доколку жената роди девојче, тоа значи дека таа е посилна од мажот (и обратно).

Колку чворови има на папочната врвца на првото дете, уште толку деца ќе роди неговата мајка.

Доколку наидете на цуцла, наскоро ќе имате принова во семејството.

Жена која прв пат оди на гости за да види новороденче, ако го земе во раце, и самата набрзо ќе стане мајка (важи особено за мажени жени).

Доколку ја продадете лулката на бебето, ќе му донесете несреќа.

Се вели дека детето нема сериозно да почне да расте сѐ додека не падне 3 пати од креветот, односно ќе биде интелигентно доколку падне од креветот пред да наполни 1 година.

Детето кое често се гледа во огледало ќе стане тажно, а она кое ги држи цврсто рацете во тупаници ќе биде себично.

Ако ве обвини детето и седне сред соба, тоа е знак дека наскоро ќе ви дојдат гости, а ако ве обвини и појде кај вратата, гостите ќе ви донесат разочарување.

Дете кое постојно плаче како мало, ќе израсне во личност со добар карактер.

Децата кои брзо почнуваат да зборуваат, слабо одат.

Доколку детето го цица палецот, ќе има неправилни горни заби.

Доколку постојано го оставате детето да спие во една положба, тоа ќе има проблеми со црниот дроб.rn

Гости

rnДоколку сакате гостите побргу да си заминат, поставете метла позади вратата од собата во којашто седат, но со рачката вперена кон нив. Се верува дека ова ќе го забрза нивното заминување.rn

Кревет

rnДоколку станете од кревет на лева нога, цел ден ќе ве следи лоша среќа. Исто така, треба да станувате на истата страна на којашто сте легнале.

Доколку жената остави пелена под туѓ кревет, тогаш во таа куќа наскоро ќе се роди дете.

Доколку две личности раздигнуваат еден кревет заедно, тогаш тие ќе се скараат. Оние што го раздигаат креветот во недела, ќе имаат лоша среќа.

Лошо е да почнете да го раздигнувате креветот, а да го оставите недосреден и да се зафатите со некоја друга работа.

Секогаш менувајте ја постелнината на ноќ без месечина и никогаш нема да имате инсекти и штетници во креветот.

Не ја пеглајте постелнината за да не ве следи несреќа.

За среќа, раздигнувајте го креветот рано наутро. Доколку постелнината ја навлечете наопаку, тоа е знак дека набргу ќе се селите.rn

Куќен праг

rnПостојат различни верувања за тоа дали треба да се стапне на прагот при излегување од куќата. Некои сметаат дека тоа е знак за среќа, додека пак други тврдат дека под прагот живеат лоши духови кои би можеле да ги вознемирите.

Доколку ве исплука циганка пред куќниот праг, можете да се сметате за среќник.rn

Метење

rnНикогаш не ја метете куќата навечер бидејќи може да ги навредите духовите кои можат да ве урочат.

Не го фрлајте правот од метлата низ влезната врата, бидејќи на тој начин ја исфрлате својата среќа.

Доколку млад човек влезе во куќа во којашто моментално се мете, тоа е знак дека нема да се ожени таа година.rn

Метла

rnКога носите метла никогаш не дозволувајте таа да се влече по подот.

Никогаш не ја потпирајте метлата на кревет, бидејќи на тој начин ги будите лошите духови кои излегуваат од неа и влегуваат во предметите во вашиот дом.

Доколку метлата ви испадне од рацете додека стоите пред врата, тогаш очекувајте гости. Но, никако не метете веднаш по нивното заминување бидејќи ќе им нанесете несреќа.rn

Младенци

rnДоколку жената брзо ја износи облеката што ја носела на свадбата, секогаш ќе има пари. Исто така, ќе живее во изобилие доколку на денот на нејзината свадба го носи велот што го носела нејзината баба. Но, не треба да го покажува на никој.

Доколку невестата го изгуби прстенот, нема да има среќа со својот сопруг. Поточно, првата година од бракот таа никако не смее да го вади од прстот.

Доколку невестата види пајак на нејзината венчаница тоа претставува добар знак.

Позајмувањето венчаница ѝ носи среќа на онаа личност која ја позајмува, но несреќа на онаа на која ѝ се позајмува.

Доколку ја задржите својата венчална облека, нема да можете да напредувате.

Добро е да го наследите венчалниот прстен од вашата мајка и со него да се венчате.rn

Невестински букет

rnДоколку сте меѓу почесните гости и имате намера да го ловите букетот кој се фрла за време на свадбата, замислете си желба во оној момент кога невестата ќе го фрли. Доколку успеете да го фатите, однесете го дома, одврзете една врвца од него и вашата желба ќе се исполни.rn

Невестински превез

rnНе пробувајте невестински превез, бидејќи тоа е знак дека нема да се омажите. Од друга страна, невестите што носат превез така се заштитени од уроци.rn

Нож

rnАко сакате се ослободите од некој напорен додворувач подарете му нож.

Обично се верува дека доколку ви падне ножот од рака, ќе ве посети машка личност или полицаец. Според други верувања – гладна женска личност.

Доколку ножот при паѓање се забоде во подот, тоа е знак за среќа.

Лош знак е доколку ножот ви падне додека седите и јадете. Некои веруваат дека после ова треба да престанете со јадење, а други дека треба сосема да се тргнете од масата.rn

Бакнеж

rnБакнежот во уста носи добри работи. Нашите предци верувале дека издишаниот здив е магичен, односно дека во него има траги од душата на човекот која го издишала, па така со бакнувањето всушност ја мешате вашата душа со душата на личноста со која се бакнувате.

Доколку мажот бакне друга жена пред својата, ќе го следи несреќа. :Drn

Скали

rnДоколку паднете по скали тоа е знак дека наскоро ќе се збогатите.

Доколку сакате да ја сонувате личноста со која ќе стапите во брак, тогаш треба да изброите 13 скали во 13 последователни ноќи.rn

Маса

rnНемојте да спиете или да пеете на маса, бидејќи тоа носи несреќа.

Трошките од масата никогаш не ги фрлајте на подот бидејќи така секогаш ќе бидете сиромашни.

Никогаш не седете на маса, бидејќи тоа ќе ви донесе несреќа.

Кога ја поставувате масата за јадење, секогаш прво ставајте ја солта. На тој начин ќе се осигурате дека личностите кои ќе седнат на масата ќе ви останат доживотни пријатели.rn

Стол

rnДоколку детето си игра со стол, ќе привлече несреќа во домот.

Доколку ви се преврти стол, кренете го, но немојте да седнувате веднаш на него бидејќи тоа носи несреќа.

Доколку пукне ногарката на столот, имајте предвид дека имате непријатели.

Доколку столиците ги поставите во еден ред додека го бришете подот, наскоро ќе одите на погреб.rn

Шеќер

rnЗа да ги прекинете постојаните расправии во семејството, фрлете малку шеќер на подот. Потоа, изметете го шеќерот со лопатка и запалете го, па расправиите ќе исчезнат.

Доколку го миете садот за шеќер во недела, ќе имате полна куќа со луѓе.rn

Трудница

rnДоколку бремената жена најпрвин се прошири во колковите, ќе роди машко дете.

Трудниците не смеат да пречекоруваат метла, бидејќи ќе им се роди влакнесто бебе.

Доколку на трудницата ѝ се појават дамки на лицето, ќе ѝ се роди женско бебе.

Доколку жената јаде овошје во кое два плода се сраснати во еден ќе роди близнаци.

Доколку трудницата го пречекори мажот во кревет, тој ќе претрпи исто толку болка колку што таа ќе претрпи за време на породувањето.

Трудницата пред породување треба да пие чај од ленено семе за полесно да се породи.

Доколку трудницата во текот на бременоста се дружи со луѓе кои имаат кадрава коса, нејзиното дете ќе има иста таква коса.

Доколку трудницата јаде премногу слатки, нејзиното идно дете нема да ги поднесува. Ако пак многу сака да јаде јаболка или банани, и нејзиното дете ќе сака да ги јаде овие овошки.rn

Виљушка

rnДоколку ви падне виљушка, тоа е знак дека ќе ве посети пријател. Обично се вели дека доколку испуштите виљушка од раката, ќе ве посети жена.

Доколку некој ви подари виљушки, таа личност ви ласка и ви се подмилкува.

Никогаш не дозволувајте на масата да стојат две прекрстени виљушки, бидејќи тоа е знак за неволја.rn

Венчален прстен

rnВо времето на старите Египќани венчалниот прстен се носел на 3-тиот прст на левата рака. Тие верувале дека средниот прст е директно поврзан со срцето, па на тој начин личноста со тој прст можела да почувствува зло при допир.

Прочитајте ги и овие 10 интересни суеверија за ѕвездите.

Најново

Може ќе ве интересира