Лудо хоби во Саудиска Арабија – возење автомобил на 2 тркала

Сподели

Можеби возачката култура во Македонија е на незавидно ниво, но никој не вози поопасно од младите луѓе во Саудиска Арабија. Се разбира дека дрифтањето е кул работа, но тоа не е ништо во споредба со последното возачко лудило кое се случува на Средниот Исток. Ваквото возење се нарекува „странично скијање“ и буквално значи возење на автомобилот на страничните тркала, со голема брзина.Овој начин на забавување на младите вклучува странично возење на две тркала на прометни улици, а притоа патниците во автомобилите изведуваат различни трикови, како на пример стоење на кровот од автомобилот, седење на рамката од отворениот прозорец, па дури и менување гума на тркало во текот на возењето. Оваа егзибиција опасна по живот, очигледно се популаризирала од акционите филмови како што се „The Dukes of Hazzard“ и „Diamonds Are Forever“, а неодамна беше застапена во видео записот на раперката M.I.A. за песната „Bad Girls“.Страничното скијање исто така стана вид спорт за гледачите на адреналински спортови. Толпи од млади девојки и момци седат покрај страните на патот и навиваат за ваквите зависници од адреналин. Некои дури се вклучуваат во нивните смртоносни рути, така што легнуваат на асфалтот и дозволуваат возилото да ги прескокне возејќи со вратоломна брзина. Возачите користат платформа за да ги навалат возилата на две тркала, а потоа се потпираат на нивните способности зад воланот, за да го спречат превртувањето на автомобилот и потенцијалното убивање на нивните патници. Премалку е да се каже дека овој спорт е екстремно опасен нели?!rn

Реклама

rn


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира