Секоја година, кога започнува летната сезона, по патеките за прошетка постојано се слуша истото прашање: кој е твојот омилен вкус на сладолед? И, кој е вашиот омилен сладолед? Чоколадо, ванила или јагода? Или пак можеби вие сте од оние типови кои сакаат мента или вкус на кафе? Омилениот вкус на сладолед, открива повеќе за вас одошто можете да претпоставите. Веб-сајтот www.icecream.com спровел истражување со кое открива каков е вашиот карактер во зависност од вашиот омилен сладолед.rnrn
rn
Чоколадо
rnДоколку сте љубители на стариот добар вкус на чоколадо, тогаш вие сте енергична, креативна и драматична личност која сака да биде во центарот на вниманието. Можеби сакате малку повеќе да го свртувате вниманието на себе, но успевате и да ги шармирате сите околу себе со вашиот ентузијазам и чувство за стил. Оние кои сакаат сладолед од двојно чоколадо, не сакаат да бидат сами, туку сакаат да поминуваат повеќе време со своите пријатели. Воедно тие се во потрага по страст и возбуда во љубовните врски.rnrn
rn
Ванила
rnНемојте да се чувствувате како досадна личност доколку ванилата е вашиот прв избор на сладолед кога ќе зачекорите со едната нога во слаткарница. Љубителите на сладолед од ванила се луѓе полни со елан и ентузијазам, кои сакаат да преземаат ризици и се потпираат повеќе на својата интуиција, отколку на логиката. Тие си поставуваат високи цели за себеси и се стремат да ги достигнат. Тие се идеалистични и отворени со своите емоции и сакаат да бидат во стабилни и долготрајни љубовни врски.rnrn
rn
Јагода
rnОбожавателите на сладолед од јагода се мирни и резервирани и немаат лидерски способности, но се многу вредни и послушни спрема својот претпоставен. Тие се лојални кон нивното семејство и кон пријателите и преферираат да седат „во сенка“ и не сакаат да го свртуваат вниманието околу себе. Тие се опишани како промислени и логични луѓе, кои внимателно ги мерат можностите, пред да ја донесат конечната одлука.rn
Мента
rnЉубителите на сладолед од мента се тешки муштерии. Тие се опишани како амбициозни, самоуверени и малку скептични во врска со животот. По малку тврдоглави, овие луѓе се секогаш фокусирани кон иднината, па затоа обожаваат да прават планови и да размислуваат премногу однапред. Овие луѓе исто така се и лојални, искрени и стабилни типови, кои ги ценат своите блиски пријатели и членовите од семејството.rnrn
rn
Кафе
rnЉубителите на сладолед со вкус на кафе не се само зависници од кофеин. Тие се истовремено и весели, драматични и кокетни типови луѓе кои знаат како да го живеат моментот. Тие секогаш го живеат животот со „полна пареа“, но имаат тенденција и да ги преценат своите способности, па да започнуваат нови проекти пред да ги завршат старите. Тие имаат енергија во неограничени количини и брзо им здосадува од сѐ.rn
Чоколадо полно со сецкани јаткасти плодови и преливи
rnДоколку сте љубител на интересните чоколадни вкусови кои се комбинирани со разни додатоци како прелив од јагода или сецкани кикирики и лешници, тогаш вие го поседувате совршениот баланс на шарм и практичност. Овие луѓе се дружељубиви „социјални пеперутки“ кои ги почитуваат убавите работи во животот и сакаат на луѓето да им е грижа за нив. Тие се и чувствителни на критика и може да станат агресивни кога се обидуваат да ги остварат нивните цели на работа или во приватниот живот.rnrn
rn
Чоколаден чипс во сладолед од ванила
rnДоколку сакате во вашата топка сладолед да има еден куп чоколаден чипс, тогаш вие сте амбициозни и сакате да успеете во кариерата и животот. И покрај тоа што имате силен натпреварувачки дух и сте многу вредни и работливи, сепак сте и многу дарежливи и никогаш не сфаќате ништо здраво за готово. Љубителите на сладолед од ванила во комбинација со чоколадни парченца и трошки, успешно се снаоѓаат во социјалните опкружувања и најчесто се во центарот на вниманието.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
