Дали некогаш сте се запрашале што навистина се случува со телото и мозокот по смртта? Професорот Џенс Дериер од Медицинскиот универзитет во Берлин и докторот Стјуарт Хамилтон, патолог, дале детално објаснување за сите процеси кои се случуваат во телото по смртта.rn
Веднаш по смртта
rn
rnrnХемиските супстанци наречени невротрансмитери го преплавуваат мозокот правејќи скок во активноста на мозокот за околу 30 секунди. Нормалната мозочна активност веќе е престаната.rn
Неколку минути по застанувањето на срцето
rn
rnrnЕдна до пет минути по смртта, во мозокот започнува процес наречен терминална деполаризација, или со други зборови „мозочно цунами“. Во својата најосновна форма, ова е бран од невронски активности кој започнува длабоко во мозокот и се шири нанадвор. Ова го означува распадот на мозочните електрохемикалии и моментот кога мозочната функција и свест се изгубени.rnrnВо меѓувреме, крвта повеќе не циркулира низ телото па кожата добива бледа боја, феномен наречен смртно бледило (pallor mortis). Недостатокот од свежа крв ја намалува и внатрешната температура на телото, процес наречен студот на смртта (algor mortis). Најчесто таа се намалува за 1 степен Целзиусов во рок од 1 час, сè додека телото не ја достигне собната температура.rn
Неколку часа по смртта
rn
rnrnСега телото почнува да развива црвенкасти пупки, познати како раната на смртта (livor mortis). Поради гравитацијата, крвта почнува да се собира во делот на телото кој е најблиску до земјата. Крвта би се помрднала ако се помрдне и телото, но со распаѓањето на крвните клетки кожата ја менува бојата. Интересно е што причината за смртта, како и опкружувањето, може да имаат влијание на оваа боја. Труењето од јаглероден моноксид предизвикува силно црвена боја, екстремниот студ може да резултира со розова боја, а во некои случаи кожата може да добие и сина или кафеава нијанса.rnrnВо оваа фаза почнуваат да се здрвуваат мускулите, процес познат како вкочанетост на смртта (rigor mortis). Овој процес се случува кога има таложење на калциум и недостаток од аденозин трифосфат. Ова предизвикува мускулните влакна да се спојат и да се зацврстат. Првите мускули кои се стврднуваат се малите, но по околу 12 часа настанува целосна вкочанетост. Оваа состојба е моментална и по 24-36 часа мускулите целосно се опуштаат. Ова може да предизвика и ослободување од фекалните материи во телото.rnrnПотоа започнува и процесот наречен автолиза каде што клетките се уништени од сопствените ензими. Автолизата предизвикува и друг процес – гниење. Автолизата и гниењето заедно се познати како распаѓање на телото.rnrnИстовремено кожата се намалува, а токму ова предизвикува ефект кој наликува како влакната и ноктите да продолжуваат да растат.rn
Неколку денови по смртта
rn
rnrnНеколку денови по смртта се појавува подуеност и лачење течности, како и лош мирис. Телото почнува да испушта хемикалии кои мирисаат лошо и кои се резултат на распаѓањето на аминокиселините. Овој мирис најчесто е опишуван како „корпа за отпадоци оставена долго време на висока температура“.rnrnВо меѓувреме крвта се згрутчува, салото се претвора во течност, а телото добива зелена боја. Ензимите продолжуваат да ги „јадат“ органите, а најпрво страдаат оние со помалку влакна, како мозокот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
