КАФЕ ПАУЗА

Што открива за вас бојата на маската што ја носите?

Што открива за вас бојата на маската што ја носите?

Модните дизајнери брзо се вклучија во борбата против ковид-19 и преку дизајнирањето маски заработуваат многу пари. Други ја искористија ситуацијата за да го искажат своето политичко мислење, па може да видите и маски со национални знамиња и пораки. Денес, маските откриваат многу за личноста што ги носи. Но, и оние што не носат маска испраќаат јасна порака дека се неодговорни, несоработливи и дека не можете да сметате на нив.rnrnШто открива за вас бојата на маската што ја носите?rn

1. Смешна маска

rnАко веќе мора да се носи маска, тогаш нека биде интересна – така мислат луѓето кои секогаш имаат позитивен став кон животот.rn

2. Зелена маска

rnОбична зелена маска купена од аптека носат луѓето кои се сигурни, приспособливи и одговорни.rn

3. Шарена маска

rnЛуѓето кои секој ден успеваат да носат маска во склад со гардеробата што ја носат, заслужуваат многу пофалби. Овие луѓе се грижат за својот изглед и успеваат да го извлечат максимумот од секоја ситуација.rn

4. Детски дезен

rnМаските со пораки се интересни, но ако сте возрасни и носите маска со детски дезен, тоа значи дека сте незрели. Ова е особено точно за луѓето кои имаат неколку вакви маски и ги менуваат секој ден. Од друга страна, ако некој има една таква маска што ја добил како подарок, за него не важи оваа карактеристика.rn

5. Дизајнерски маски

rnБез разлика дали се оригинални или кинески, често можете да видите луѓе како носат маска со натписот на некој бренд. Овие личности се „модни робови“.rnrnПрочитајте што открива начинот на кој кивате за вашиот карактер.