КАФЕ ПАУЗА

Што открива должината на одредени делови од телото за вашето здравје?

Што открива должината на одредени делови од телото за вашето здравје?

Големината на различни делови од телото може да открие дали сте изложени на ризик од разни заболувања како што се гихт, висок крвен притисок, срцеви заболувања, па дури и рак. Димензиите на одредени делови од телото се утврдени уште во матката или за време на детството, а некои се резултат на животниот стил. Овие неколку мерења можете да ги направите во вашиот дом и да откриете многу работи за вашето здравје.rnrnШто открива должината на одредени делови од телото за вашето здравје?rn

1. Должината на нозете во споредба со должината на телото

rnКако да мерите?rnrnПрво, измерете ја висината, а потоа, седнете и измерете го торзото, од врвот на главата до колковите. Одземете ја должината на торзото од вкупната висина на телото за да ја добиете должината на нозете и ќе го добиете соодносот на нозете и на телото (ако торзото е долго 76 цм, а нозете 100 цм, односот е 30:40).rnrnПотенцијални ризици:rnrnАко имате релативно кратки нозе во однос на должината на телото, тоа може да го зголеми ризикот од прекумерна телесна тежина или од срцеви заболувања, од дијабетес тип 2 и да предизвика проблеми со црниот дроб, според резултатите од едно истражување што биле објавени во Меѓународниот весник за истражување на животната средина и на јавното здравје.rnrnКај луѓето со подолги нозе постои ризик од заболување од рак на простатата и на тестисите, како и рак на градите за време на менопаузата, рак на јајчниците и рак на дебелото црево.rnrnЛичностите со најдолги нозе, во споредба со нивното торзото, имаат 20 % помал ризик од заболување од деменција.rnrnШто се случува?rnrnПодолгите нозе во однос на должината на телото се знак на брз раст и добра исхрана за време на детството, додека релативно кратките нозе се знак на побавен раст и негативни надворешности фактори, вклучувајќи лоша исхрана, сиромаштија и пушење на мајките за време на бременоста.rnrnЛуѓето со подолги нозе имаат поздрави мозочни клетки и помал ризик од деменција.rnrnСпоред истражувањето направено на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, луѓето со подолги нозе имаат помала веројатност да развијат дијабетес тип 2, а оние со пократки нозе имаат 20 % поголем ризик од заболување.rn

2. Големина на главата

rnВо просек, обемот на главата на кај мажите е 58,4 цм, а кај жените 56 цм.rnrnКако да мерите:rnrnСо лента обвиткајте ја главата околу челото над веѓите и на најширокиот дел од задната страна на главата.rnrnПотенцијални ризици:rnrnПомалата глава е поврзана со поголем ризик од деменција. Луѓето со помали глави имаат двапати поголема веројатност за заболување од деменција, а овие резултатите се добиени од истражувањето што било спроведено врз 2.500 стари лица во Сингапур.rnrnДруго истражување објавено во списанието „Клиничка и експериментална невропсихологија“ открило дека луѓето со помал обем на главата и со ниско образование имаат четирипати поголеми шанси за деменција.rnrnШто се случува?rnrnЧовечкиот мозок достигнува 93 % од својата целосна големина до шестгодишна возраст, а добриот развој на мозочните клетки во тие рани години обезбедува поквалитетен живот подоцна.rnrnПомалиот обем на главата ја нарушува зрелоста на мозокот, а тоа ја намалува можноста за развивање когнитивна резерва што штити од деменција.rn

3. Обем на струкот и на колковите

rnКако да мерите:rnrnПресметајте така што обемот на струкот ќе го поделите со обемот на колковите.rnrnПотенцијални ризици:rnrnСпоред Светската здравствена организација, здравиот однос кај жените е 0,85 или помалку, а кај мажите 0,9 или помалку. Овој сооднос е поврзан со обликот на телото. Луѓето што имаат тело со облик на јаболко имаат повеќе масни наслаги околу половината и тие имаат поголем ризик од разни заболувања за разлика од луѓето што имаат тело во облик на круша, односно оние што имаат повеќе масни наслаги околу колковите.rnrnМногу истражувања покажаа дека таложењето масти околу половината е поврзано со поголем ризик од срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и рак.rnrnИстражувањето спроведено на Универзитетот во Калифорнија објавено во списанието „Еволуцијата и човечкото однесување“ открило дека децата на жените што имаат тело во облик на круша имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција.rnrnОдносот на струкот и на колковите може да укаже на атеросклероза и на васкуларни проблеми, според истражувањето што било направено врз 400 жени од Кореја.rnrnШто се случува?rnrnЛуѓето што имаат тело во облик на јаболко имаат поголема веројатност да добијат дијабетес тип 2 бидејќи имаат масни наслаги околу половината, а тие имаат лош ефект врз системот за контрола на шеќерот во крвта.rnrnДецата чиишто мајки имаат тело во облик на круша имаат подобар развој на мозокот благодарение на масните киселини што се наоѓаат во масните наслаги околу колковите.rnrnМожеби ве интересира кои седум работи лошо влијаат врз вашиот имунитет.