Поради законските аспекти на бракот некои луѓе се чувствуваат „заглавено“, па затоа сакаат да ја задржат можноста за безбеден и едноставен излез доколку се почувствуваат загрозено.rnrn
rnrnНаместо судбинското „Да“ и заветот за вечна љубов пред матичарот, многу емотивни партнери избираат сами да организираат заедничка иднина, поубава, подобра и похумана од кој било закон. И сè е исто како во бракот, тие живеат заедно со години, се сакаат и почитуваат, имаат деца… Само им недостасува документот венчаница. Оние кои не се застапници на бракот и таков традиционален модел на обрврзување, покажуваат почит кон својот партнер на дневна основа, со зборови и дела.rnrnДали ова значи дека бракот како институција ја губи својата доминантна улога во општеството? Зошто паровите се одлучуваат за овој вид емотивно партнерство, како животот „без потпис“ влијае врз љубовта, дали таа станува посилна или послаба со текот на времето? Психолозите велат дека на овие луѓе суштината им е поважна од формата и тие веруваат дека бракот може да функционира и без потпис.rnrnТука не станува збор за јачината на чувството на љубов што ги „држи“ заедно, туку за вредностите (помалку традиционални) и автентичната подготвеност да имаат долгорочен однос. Овие лица се подготвени да ја преземат одговорноста што подразбира пристапување во која било форма на заедница со некого. Љубовта е неопходна, но таа не е доволна за врската да преживее, без разлика дали станува збор за брак или вонбрачна заедница.rnrnПотребна е одлука да истраат заедно, популарно наречена „и во добро и во зло“ и да ги надминат проблемите. Тоа се лица кои бракот го сметаат за слобода на избор и, пред сè, чувствуваат лична одговорност кон партнерот, поради што нема потреба од дополнителна општествена одговорност наметната со закон што ќе ги „присили“ да останат во брак. Тие се самосвесни индивидуи кои имаат доволно доверба еден во друг, но и самите во себе, за да можат самостојно да ја регулираат врската, без потреба од надворешно, социјално регулирање. Взаемната доверба е клучна за опстанокот на вонбрачниот сојуз.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rnrn
Заеднички живот без венчаница: Зошто некои парови се одлучуваат исклучиво на тоа?
