Постојат голем број супстанци кои можат да направат хаос во мозокот. Некои од нив се легални, додека пак другите не, некои помагаат, а некои одмагаат, но факт е дека сите тие директно влијаат врз мозокот. Па, погледнете што се случува со вашиот мозок доколку е под влијание на кафе, алкохол или одредени видови дрога…rnrn
rnrnКафето е најосновната дрога која голем број луѓе ја користат. Кофеинот има моќ да ви овозможи привремено добро расположение и да ве држи будни. Но, и покрај тоа што кафето најчесто расонува, тоа исто така може и да ве направи нервозни. Тоа можете лесно да го избегнете со намалување на количините кои ги внесувате во вашето тело.rnrnАлкохолот исто така има силно влијание врз вашиот мозок. Тој го забавува размислувањето, дишењето и бројот на отчукувања на срцето. Вие се чувствувате добро по консумирањето алкохол бидејќи тој има моќ да го зголеми нивото на допамин, исто како и другите дроги или оние нешта во кои уживаме, како сексот или омилената храна.rnrnМарихуаната е една од најчесто користените дроги која постојано има свое место на вестите. Нејзината активна состојка, „THC“, го зголемува нивото на допамин и води кон чувство на задоволство, а кај некои луѓе дури и до еуфорија.rnrnХероинот во мозокот се претвора во морфиум и така може да влијае врз начинот на кој умот ги перципира болката и наградата. Од друга страна пак, поголемиот дел од лековите против болка, имаат моќ да ве направат зависни. Истражувањата ни покажуваат дека оние кои ги злоупотребуваат имаат и до 40% поголеми шанси да преминат на тешки дроги, како што е хероинот, бидејќи тој има слично влијание врз мозокот.
Што му прават кафето, алкохолот и дрогата на вашиот мозок?
