КАФЕ ПАУЗА

Топол алкохолен пијалак од јаболко со путер и рум

Со историја која се протега назад до колонијалните времиња во Америка, топлиот рум со путер е класичен пијалак за зимскиот период. Традиционално се прави со путер, шеќер, темен рум и зовриена вода, кои едноставно само се ставаат во шолја и се мешаат – иако на овој начин путерот често се одделува од останата смеса, оставајќи мрсен вкус.rnrn(0) Топол алкохолен пијалак од јаболко со путер и рум rnrnЗа среќа, постојат неколку едноставни чекори кои можат да го трансформираат овој стандарден пијалак во извонредно алкохолно задоволство кое е совршено за ладното време. Со употреба на миксер за да се измешаат путерот и шеќерот заедно со зачините како морско оревче, цимет и каранфилче, пијалакот станува похомоген, без да се чувствува маснотијата од путерот. Исто така, бидејќи тој е направен од шеќер, путер и рум, не е нешто невообичаено, па може да одиме чекор напред со додавање јаболков сајдер наместо вода. Коктелот што се добива има повеќеслојна и попривлечна слаткост.rnrn(1) Топол алкохолен пијалак од јаболко со путер и рум rn

Топол сајдер од јаболко со рум и путер

rn

Потребни состојки за една шолја:

rn

    rn011

  • 1 лажица ладна смеса со путер (рецептот е подолу)
  • rn011

  • 45 милилитри темен рум
  • rn011

  • 120 милилитри топол јаболков сајдер
  • rn011

  • Стапче цимет за декорација
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСтавете го путерот на дното од шолјата, па потоа додадете го румот. На крај сипете го топлиот јаболков сајдер и полека мешајте. Украсете со стапче цимет и послужете веднаш.rn

Смеса со путер

rn

Потребни состојки за 12 пијалаци:

rn

    rn011

  • 8 супени лажици путер, чуван на собна температура
  • rn011

  • 200 грама кафеав шеќер
  • rn011

  • 1 кафена лажичка цимет
  • rn011

  • ½ кафена лажичка морско оревче
  • rn011

  • ½ кафена лажичка каранфилче
  • rn011

  • Прстофат морска сол
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnВо голем сад, со миксер изматете ги заедно путерот, кафеавиот шеќер, зачините и морската сол. Мешајте сè додека смесата не стане хомогена и мазна. Направете мали парчиња од смесата, завиткајте ги во пергамент хартија и оставете ги 1 час да се оладат.