Десертот може да биде многу вкусен и без во себе да содржи додадени шеќери. Такви се и овие штангли од карамела кои не се прават со огромни количини путер и шеќер кои му годат на сетилото за вкус, но го разболуваат организмот. Неговата тајна состојка се урмите. Тие во себе содржат доволно природни шеќери и затоа не е потребно да им се додава, а изобилуваат и со многу други минерали кои му се потребни на телото. Овој рецепт е многу лесен за подготовка, многу е сладок и вкусен. Многу потсетува на чоколатцата „Марс“, само што оваа верзија е многу поздрава.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
За едниот слој:
rn
- rn011
- 300 грама урми
- 3 лажици путер од кикирики
- 2 лажици мед
- екстракт од карамела
- прстофат сол
- 2 лажици масло за јадење
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
За другиот слој:
rn
- rn011
- 150 грама темно чоколадо
- една лажица путер од кикирики
- една лажица масло за јадење
- екстракт од карамела
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги сите состојки за првиот слој во блендер и мешајте додека не добиете изедначена и леплива смеса. Потоа ставете ја на рамна површина прекриена со пластична фолија и оформете правоаголник висок околу 5 милиметри. Пресечете го на половина и двата дела ставете ги во замрзнувач час и половина.rnrnВо меѓувреме направете го и вториот слој. Растопете го чоколадото на оган и додајте му ги останатите состојки.rnrnКога и втората смеса ќе биде готова, извадете ги двата дела од првиот слој од замрзнувач. Намачкајте го едниот дел со чоколадната смеса и чекајте една минута за малку да се здрви, па ставете го вториот дел и намачкајте уште од чоколадото. Потоа сето тоа ставете го уште 15 минути во фрижидер за убаво да се здрви и исечете го на штангли.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница н