Како правилно да ги подвиткате фармерките?

Сподели

Подвиткувањето на фармерките може да изгледа како наједноставната работа на светот, но ако притоа направите грешка, тие ќе ја загубат формата и ќе изгледате полошо. Следете ги овие совети за да не ви се случи тоа.

Реклама

rn

Стеснување на широки фармерки

rnАко сакате фармерките кои се широки во долниот дел да ги направите позалепени за вашите нозе, фатете го вишокот и прилепете го кон зглобот, а потоа подвиткајте ги нагоре така што тој нема да излезе од местото каде што е сместен.rn

Реклама

Фармерки со опшиен раб

rnОвој тип фармерки треба да се подвитка на класичен начин. Фатете го долниот раб и превиткајте околу 2-3 сантиметри нагоре, а ако е потребно повторете го тоа уште еднаш. Двојното подвиткување најдобро изгледа на фармерки со дебел опшиен раб и не стои добро ако носите патики. Самите треба да процените дали треба да ги подвиткате еднаш или два пати, но секако тоа треба да го сторите со едноставно подвиткување нагоре.rn

Не претерувајте

rnНикогаш не подвиткувајте повеќе од два пати. Овие трикови можат да го направат вашиот изглед посреден, но фармерките ќе ја загубат формата доколку подвиткате повеќе од два пати.

 

Реклама

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира