Следен пат кога ќе појдете во Мелбурн, Австралија, не заборавајте да поминете во оваа неверојатна слаткарница. „Candy Room“ е официјално отворена при крајот на минатата година, а е направена врз база на идејата, дека во секој од нас сè уште се наоѓа палаво дете. Концептот е направен од страна на компанијата „Red Design Group“. Тие најпрво нашле мал простор од 42 метри квадратни, го обоиле со бела боја, а потоа со црна цртале по ѕидовите. Така тие преку цртежи направиле продавницата за слатки да зрачи со позитивна домашна атмосфера.
Сопствениците на оваа куќа на слатки, Кристина Велардо и Леони Швецер, сакале нивната продавница да биде посебна. Тие имале желба секој купувач кој ќе дојде да доживее ново искуство. Па така, кога луѓето влегуваат во продавницата се чувствуваат како да влегле во сладок свет од цртаните филмови.





rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
