Секако, Минхен е незаменлив дел од секоја ваква листа бидејќи станува збор за градот во кој се одржува најпознатиот светски фестивал на пивото , Октоберфест. Но, овој пат одлучивме да ве одведеме на прошетка и во други европски градови каде исто така можете да уживате во пивото…rnrn
rn
Берн, Швајцарија
rnИ покрај фактот дека Берн е релативно мал град, политичкиот центар на Швајцарија е дом на речиси 200 пивници. Најголем дел од нив се наоѓаат во најмодерниот кварт на градот, Breitenrain, а некои се сместени дури и во гаражи, визби и пералници. Во секој случај, локалното пиво нема да ве разочара.rn
Гент, Белгија
rnДоколку почувствувате лежерна атмосфера во третиот по големина град во Белгија, тоа најверојатно се должи на пивото што тече низ неговите вени. Доказ за богатата култура на пиење пиво е фактот дека во 2016 оваа традиција постана дел од листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.rn
Вроцлав, Полска
rnПолската пивска култура е легендарна низ Европа, а според многумина, Вроцлав е најдобриот град во земјата за уживање во добра голтка пиво. Во последните десет години е забележан постојан раст на малите пивници во Вроцлав, а повеќето од нив се наоѓаат во центарот на градот.rnrn
rn
Букурешт, Романија
rnВо изминатите неколку години Букурешт се збогати со нови пиварници од кои најпопуларни меѓу локалното население се Ground Zero и Berestroika. Уживајте во пивото така што ќе посетите една од пивниците во стариот дел од градот.rnrnОткако го прочитавте нашиот список со најдобрите европски градови за дегустација на пиво, можеби ќе сакате да прочитате и зошто пивото е добро за вашето здравје.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr