КАФЕ ПАУЗА

Сакате да спиете до подоцна за време на викендите? Оваа навика е корисна за вашето здравје!

Сакате да спиете до подоцна за време на викендите? Оваа навика е корисна за вашето здравје!

Напорниот распоред во текот на работната недела не ви дозволува да се наспиете, па затоа се чувствувате исцрпени кога конечно ќе дојде петок. Последното нешто што ви треба да го чуете во таквите моменти е дека не можете да го надоместите изгубениот сон ако спиете до подоцна за време на викендите и дека тоа е штетно за вашето здравје. Доколку климате со главата додека го читате ова, сигурно ќе ви се допаднат следниве откритија.rnrnСакате да спиете до подоцна за време на викендите? Оваа навика е корисна за вашето здравје!rnrnНајновите истражувања откриле дека спиењето до подоцна за време на викендите може да биде корисно за вашето здравје. За целите на истражувањето, истражувачите од Јужна Кореја ги споредиле навиките за спиење на 2.156 возрасни луѓе со нивниот индекс на телесна маса (Body Mass Index – BMI). Инаку, индексот на телесна маса се користи за да се одреди идеалната тежина на човекот според неговата висина и да се идентификуваат можните здравствени ризици поврзани со дебелина, дијабетес тип 2, висок крвен притисок и срцеви заболувања.rnrnИстражувачите дознале дека испитаниците кои спиеле многу малку во текот на неделата и надоместувале за изгубениот сон за време на викендите имале понизок индекс на телесна маса (22,8), за разлика од оние кои спиеле премалку, но не компензирале за викендите. Нивниот индекс на телесна маса во просек изнесувал 23,1, што е значајна разлика од статистичка гледна точка, бидејќи секој дополнителен час поминат во спиење за време на викендот бил еднаков со 0,12 понизок индекс на телесна маса.rnrnОва може да е поврзано со фактот што луѓето кои спијат повеќе за време на викендите, поминуваат повеќе часови со затворени очи што значи дека имаат помали шанси да го нарушат хормонскиот баланс и метаболизмот кои можат да предизвикаат голем број негативни последици, како на пример дебелина. Освен тоа, експертите за спиење тврдат дека колку повеќе спиете толку подобро, бидејќи кога сте одморени постои поголема веројатност дека ќе стекнете здрави навики, како што се вежбање и правилна исхрана.rnrnТешко е да се прилагоди спиењето на социјалниот живот и тоа може да ви го наруши биолошкиот ритам, да ве истошти и да ви го влоши здравјето и расположението. Токму затоа, најдобро е да си легнувате и да се будите во приближно исто време без оглед на денот. Исто така, експертите препорачуваат минимум 7 часа редовно спиење.rnrnАко не можете да добиете доволно сон во текот на работната недела, најдобро е да надоместите за време на викендите за да си го одржите вашиот индекс на телесна маса. Подолгото спиење за викендите може да ја спречи појавата на дебелина предизвикана од недоволно спиење.rnrnИако потребни се уште истражувања за да се докаже ова тврдење, добиените резултати се доволна причина да се забавувате до раните утрински часови во петок и сабота вечер и да не се грижите околу тоа колку пати ќе го притиснете копчето снуз наредното утро.rnrnОвие откритија се супер, но треба да ја погледнеме и другата страна на нештата. Прочитајте зошто претераното спиење може да доведе до голем број ризици за вашето здравје.