Ако добиете црвена, розова или бела роза, жолто или виолетово цвеќе, тоа не е случајно. Некогаш мажите го знаеја говорот на цвеќињата, но современите момци не се запознаени со овие значења. Сепак, британските научници сметаат дека претставниците на посилниот потсвесно избираат букет кој ги рефлектира нивните чувства.rnrn
rnrnЦрвените цветови јасно покажуваат романтични чувства, страст, но и почит.rnrnБелата боја е одраз на симпатии, чисти и сериозни намери во емотивна врска.rnrnЖолтиот букет искажува наклонетост и пријателство.rnrnСилно розовите нијанси одразуваат воодушевување, благодарност и среќа.rnrnПортокаловата боја е знак дека мажот ја обожава својата жена, како и дека чувствува страст.rnrnНежно розовите и нијансите на праска изразуваат симпатија, благодарност, признание и почит.rnrnВиолетовата значи маѓепсаност и љубов на прв поглед.
Романтичниот говор на цвеќињата: Изборот на боите потсвесно ги изразува неговите чувства
