(ВИДЕО) ЗАПРОСУВАЊЕ НА ИЛИНДЕНСКИОТ МАРШ: Иван клекна, Вероника кажа „ДА“

Сподели

ЉУБОВ НА ИЛИНДЕНСКИОТ МАРШ: Иван клекна пред Вероника, а таа кажа „да“

Реклама

Годинешното поаѓање на Илинденскиот коњички марш од Горно Лисиче беше одбележано со посебен и емотивен момент – запросување пред голем број присутни граѓани.

Во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“, младиот Иван, еден од учесниците во коњаницата, клекна пред својата девојка Вероника и ја побара за сопруга.

Реклама

Вероника, која исто така е дел од коњаницата, со радост кажа „да“.

Запросувањето се случи пред поаѓањето на околу 40 коњаници кон Крушево, каде што ќе пристигнат во чест на Илинден и македонските херои.

Така, годинешниот Илинденски марш, покрај пораките за единство, слобода и почитување на историското наследство, ќе остане запаметен и по почетокот на една нова љубовна приказна.

Реклама

На Иван и Вероника им посакуваме многу љубов, среќа и заеднички моменти!

Погледнете во прилог:

 

Најново

Може ќе ве интересира