Никој не е совршен, но некои луѓе се навистина близу до совршенството. Така барем тврди најновото истражување кое го открило мажот чие лице е речиси совршено. Ова прашање го заинтересирало британскиот хирург доктор Хулиан де Силва. Тој за целите на своето истражување се послужил со формулата позната како „Greek Golden Ratio of Beauty Phi“, односно златна средина на божествениот или златниот сооднос, за која веќе илјадници години се верува дека ја крие формулата на совршенството.rnrn
rnrnСпоред златниот сооднос, колку поблизу се мерките на лицето или телото до бројот 1,618 толку поубави се. Оваа формула ја користел и Леонардо Да Винчи додека го создавал совршеното машко тело на неговата позната скица „Витрувијански човек“.rnrnСледејќи го соодносот според кој се смета дека лицето е совршено, Де Силва изработил „мапа“ на лицето и дошол до заклучок дека најубаво лице на светот има глумецот Џорџ Клуни. Со помош на истата формула, докторот открил дека Рајан Гослинг има совршен нос, Хери Стајлс има најубави очи и брада, додека Дејвид Бекам има совршен облик на лицето.rnrnЏорџ Клуни веќе долги години се смета за најзгодниот маж на светот, а неговата титула сега доби и научна потврда. Џорџ има прекрасна симетрија на лицето и е најблиску до грчката теорија за совршенство. Неговиот сооднос на големината на носот и устата изнесува 99,6% што значи дека е речиси совршен, а и растојанието помеѓу неговите очи и брада е речиси совршено. Во продолжение погледнете ја и листата на најсовршени мажи што ја составил Де Силва:rn
1. Џорџ Клуни
rn
rn
2. Бредли Купер
rn
rn
3. Бред Пит
rn
rn
4. Хери Стајлс
rn
rn
5. Дејвид Бекам
rn
rnrnПродолжете на следната страница за останатите најубави мажи…rnrn