Една студија која вклучувала над 3.000 мажи и жени ни открива дека овие два пола различно ги процесираат емоциите и токму тоа влијае врз нивното помнење. И покрај тоа што емоциите ги подобруваат сеќавањата и кај мажите и кај жените, оваа студија ни покажува зошто жените често подобро поминуваат на тестовите за меморија отколку мажите.rnrn
rnrnРезултатите доаѓаат од голема студија во која учествувале 3.398 луѓе кои биле дел од 4 различни тестирања. Овие тестирања вклучувале гледање серија од фотографии, од кои некои биле емоционални, а другите неутрални. Потоа тие биле тестирани за тоа колку ги запомниле овие фотографии.rnrnОткритието кое било објавено во журналот за невронаука, ни покажува дека до жените, за разлика од мажите, повеќе допираат оние фотографии кои биле емоционални, особено негативните.rnrnД-р Клара Спалек, авторката на оваа студија, вели:rnrn
„Резултатите го поддржуваат верувањето дека жените се повеќе емоционално експресивни од мажите.“
rnВо однос на целото истражување жените покажувале подобро помнење, а нивната меморија била особено добра за негативните фотографии.rnrnД-р Анет Милник, која ја водела оваа студија, објаснува:rnrn
„Ова откритие ни укажува на разлики помеѓу половите во емоционалното процесирање и меморијата кои настануваат од различни механизми.“
rnИстражувачите ги испитале и сликите од скенирањето на мозокот кај луѓето кои гледале во различни видови емоционални фотографии и откриле дека мозокот кај жените е многу поактивен при процесирањето на негативните фотографии отколку кај мажите. Особено во оние делови од мозокот кои се поврзани со моторните функции.rnrnНа фотографијата подолу можете да забележите како црвените и жолтите области во мозокот се поактивни и кај мажите и кај жените кога гледаат во емоционално стимулирачки фотографии. Зелената боја ни ја покажува специфичната област каде што мозокот на жените бил поактивен.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn