Навистина е убаво кога ќе тргнете кон некоја живописна дестинација која едвај чекате да ја видите, но уште поубаво е ако можете и попатно да уживате во убави пејзажи. Ако некогаш тргнете по овие патишта, тоа нема да ви недостига.rn
Големиот автопат покрај океанот, Австралија
rnИмето на автопатот кажува дека спектакуларната глетка на океанот го следи возачот за време на целото патување. Удирањето на брановите во стрмните крајбрежни карпи само го надополнува впечатокот.rnrn
rn
Комб Лавал, Франција
rnИзграден во деветнаесеттиот век како пат за превезување дрва, денес е рај за велоспиедистите кои уживаат во пејзажите на Француските Алпи додека возат по 13 километри долгиот пат.rnrn
rn
Гросглокнер, Австрија
rnГросглокнер е рајот за моторџиите на Австриските Алпи. За патарина од 18 евра за мотор и 28 евра за автомобил може да се ужива во спектакуларните планински пејзажи, а особено во глетката на околните глечери.rnrn
rn
Ајсфилдс Парквеј, Канада
rnВо оние 230 километри на патот покрај Ајсфилдс Парквеј може да се почувствува Канада со сета своја дивост и чистота. Поминувајќи низ Националниот парк Банф, глетката на снежни планински врвови, смарагдни езера и недопрени долини прави возачот да посака никогаш да не стигне до својата дестинација.rnrn
rn
Автопатот покрај Пацификот, САД
rnБескрајниот Пацифик постојано го зазема примарното место на видикот за време на патувањето долго преку 1.000 километри, додека од другата страна стрмните карпи се наведнуваат над океанот. Дел од неповторливото искуство е и минувањето низ Биг Сур, регионот кој ги привлекувал хипиците во минатото.rnrn
rn
Прстенестиот пат, Исланд
rnГејзери, водопади, карпи, фјордови и мирни мали села се само дел од недопрената убавина со која располага Исланд. Пејзажите кои даваат чувство дека се наоѓате во бајка го прават патувањето по Прстенестиот пат искуство кое секој би го посакал во својата биографија.rnrn
rn
Стелвио, Италија
rnСпоред автомагазинот Top Gear овој пат го нуди најубавото возачко искуство во светот. Како за пат кој се наоѓа на Алпите, на него има доста гужва. Тоа не важи само кога велосипедистите на Џиро д‘Италија имаат привилегија самите да владејат со него.rnrn
rn
Тролстиген, Норвешка
rnДолг е само шест километри и покрај тоа се смета за инженерско чудо. Од возачите се бара екстремна внимателност додека се движат по него, но тоа не е лесно кога се опкружени со живописните норвешки пејзажи.rnrn
rn
Трансфагарашан, Романија
rnРоманија има „вампирска“ репутација поради грофот Дракула, но ако некогаш патувате по Трансфагарашан, на земјата ќе се сеќавате по убавината на Карпатите и прекрасното езеро Видрару.rnrn
rn
Патот Бел Раб, САД
rnПатот кој има назив Бел Раб ќе ве однесе низ црвенкастите национални паркови на Јута. Иако само 165 километри долг, може да бидат потребни и два дена за да се помине целиот пат. Тоа е можно само со моќно теренско возило и големи резерви на вода за пиење.rnrn
rn
Јунгас, Боливија
rnОд сите патишта на светот, овој важи за најопасен. Го нарекуваат „Патот на смртта“, но оние кои возат внимателно лесно ќе го преживеат, а потоа ќе се сеќаваат на живописните пејзажи на боливиската џунгла.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
