Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жените кој се празнува секоја година. Овој празник настанал како резултат на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на мажите и жените. Сакајте ги, почитувајте ги и честитајте им го денешниот ден на вашите најмили со некои од овие пораки со кои ќе им го покажете вашето внимание, а истовремено ќе им го направите денот уште поубав и повесел.rnrn
rnrn1. Биди горда што си жена. Мудра, достоинствена, храбра и силна, а истовремено и нежна и внимателна. Биди таква уште долги години. Среќен 8-ми март!rnrn2. Нека среќата стане твоја реалност, здравјето трајност, љубовта постојано да го грее твоето срце и нека ти се оствари сѐ што посакуваш. Среќен празник!rnrn3. Уживај во среќата, а љубовта нека биде твој најверен придружник. Искусувај само пријатни моменти во животот, не само овој, туку секој нареден ден во годината. Среќен 8-ми март!rnrn4. Што и да се случува, една жена никогаш нема да биде заборавена и вечно ќе живее во моите срце и душа. Среќен празник, мамо!rnrn5. Нека овој ден ти биде посебен, сонцето постојано да те грее, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена и поразлична од другите! Среќен 8-ми март!rnrn6. Нека секој следен ден ти биде подобар, сите желби остварени, и не заборавај на сонцето дури и тогаш кога истура дожд. Среќен празник!rnrn7. Те сакам затоа што си најдобра, полна со разбирање и издржливост. Горда сум што си ми мајка. Среќен 8-ми март, мамо!rnrn8. Ти испраќам ѕвезда со најубав сјај, многу среќа и бакнежи исполнети со љубов. Најубави желби за овој ден, среќен празник!rnrn9. Секоја добрина која ја даруваш нека ти се врати во поголема мера, нека љубовта биде твоја водилка низ животот и уживај не само денес, туку и секој нареден ден. Среќен 8-ми март!rnrn10. Сѐ додека Земјата се врти, јас ќе те сакам. Сѐ додека сјаат ѕвездите, јас ќе внимавам на тебе, а секое наредно утро ќе ти покажувам колку повеќе ми значиш! Среќен празник!rnrn11. Среќен празник на најубавата, најуспешната и најинтелигентната жена. Секогаш стреми се кон иднината и нека те пратат само убави моменти!rnrn12. Уживај во сознанието дека ги имаш најблиските до себе и чувството дека некому си му целиот свет. Секогаш имај на ум дека некој те сака и внимава на тебе. Среќен 8-ми март!rnrn13. Исполни ги годините со живот, а не животот со години. Запамети дека ти си достојна за внимание секој ден, а не само еден ден во годината. Уживај во својот живот, среќен празник!rnrnПогледнете ги и овие моќни цитати за жените кои дополнително ќе ве мотивираат и инспирираат!
Прекрасни честитки по повод 8-ми март, меѓународниот ден на жената
