Ова интересно видео преку неколку фотографии направени од телескопот Хабл, ни покажува како ќе се променува нашето ноќно небо во текот на наредните 7 милијарди години. Веќе е добро познато дека Млечниот Пат ќе се „судри“ со галаксијата Андромеда за околу 4 милијарди години од сега и тоа целосно ќе го промени нашиот поглед кон ѕвездите. Но, дали Земјата ќе преживее толку долго за да биде сведок на овој фасцинантен настан?
irn
rnЗемјата, како планета има големи шанси да преживее до тогаш, но животот на неа – најверојатно не. Астрономите велат дека осветлувањето од нашето Сонце постојано, но полека се зголемува и со тоа се зголемува и соларната радијација. За околу 4 милијарди години од сега драстично ќе се зголемат температурите на Земјата и има голема можност да се создаде ефектот на стаклена градина (би имало слични услови како оние кај нашиот сосед Венера). Температурите би биле толку високи, што дури и металот би се топел. Во секој случај, кој и да биде во можност да го следи овој настан – ќе има спектакуларен поглед на ноќното небо.rnrn






Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
