Независно од тоа дали себеси се сметате за суеверна личност или не, некои од овие ритуали можете да ги направите околу Нова година и да си дадете поголема шанса за повеќе среќа догодина. Следуваат најчестите верувања кои важат за денот во пресрет на новата година и на самата вечер (31 декември и 1 јануари), за кои се верува дека во наредната година ќе ви донесат среќа.rnrn
rn
1. Новогодишната вечера
rnКога е во прашање празничната трпеза, според верувањата на некои култури, ако подготвувате јадење од месо, пожелно е тоа да биде од животни кои немаат крилја. Според одредени народни верувања, со тоа си обезбедувате мирот и спокојството да останат во вашата куќа, односно да не „одлетаат“ од вашата маса.rn
2. Работна година
rnНаправете некоја симболична работа на првиот ден од новата година, иако е празник. Ако на пример, сте добиле роковник како подарок, запишете го датумот и неколку збора… задржете го вниманието, размислувајте за работата барем неколку минути тој ден. Според верувањата, овој чин симболизира дека во текот на наредната година ќе имате доволно работа и дека ќе работите со волја и задоволство.rn
3. Бакнежи за среќа
rn
rnrnНа полноќ задолжително споделете бакнежи со драгите личности. Тоа се смета за потврда дека во претстојната година вашата љубов и блискост ќе траат.rn
4. Односи со пријателите
rnСлично на обичајот кој важи за Божиќ, важно е и кој прв ќе влезе во вашиот дом, односно кој прв ќе ве посети на 1-ви јануари. Ова е важно бидејќи се смета дека таа личност значително влијае врз вашиот живот и тоа влијание ќе го има и во наредната година.rn
5. Црвено за среќа
rn
rnrnОпштопознатото правило вели дека во пресрет на новата година е добро да облечете нешто ново. За среќа во љубовта, се верува дека е добро да носите долна облека во црвена боја.rn
6. Постојат неколку верувања кои се однесуваат на она што може да го правите во текот на овие два дена:
rnДури и ако не сте љубители на СМС-пораките, телефонирањата, праќањето мејлови… не пропуштајте да им ја честитате новата година на драгите личности, како и да одговорите на честитките. Со тоа симболично ги јакнете односите меѓу вас и го развивате чувството на топлина и пријателство.rnrnНа самиот почеток на годината, избегнете го позајмувањето пари. Симболиката е јасна – укажува на тоа дека во текот на годината ќе имате материјални проблеми, односно нема да имате доволно пари.rnrnОва верување сигурно не се поклопува со вашата досегашна практика, а тоа е дека на 1-ви јануари не би требало ништо да изнесувате од домот. Иако сите сакаме да разменуваме колачи и јадења кои сме ги подготвиле за новогодишната ноќ, сепак според ова верување тоа не треба да го правиме. Почестете ги сите ваши гости, тоа е секако добар знак, но при посетувањето на другите не носете ништо со вас. За тоа почекајте го 2-ри јануари.rnrnВо некои култури перењето облека на 1-ви јануари е неприфатливо. Имено, се смета дека перењето на што било треба да се сведе на минимум, бидејќи може лошо да влијае на здравјето на домашните во наредната година.rnrnИсто така, потрудете се да бидете внимателни и со садовите и општо со кршливите предмети, бидејќи кршењето на работите се смета за повикување несреќа.rnrn
rn
7. Познати се и неколку вкоренети верувања кои се однесуваат на временските прилики во текот на тие два дена:
rnАко тој ден дува јужен ветар, тоа е знак дека наредната година ќе биде добра и богата.rnrnАко дува северен ветар, тоа е знак дека целата година ќе биде студена и со лошо време.rnrnАко 1-ви јануари е ведар и сончев, без ветар, тоа е знак дека нè чека весела година.rn
8. За среќа со парите
rn
rnrnМал ритуал – во секој паричник кој го имате во куќата, ставете пари. Тоа е знак дека следната година ќе тече во благосостојба. За среќа со парите важи и верувањето дека добар знак е да влезете во новата година без долгови и неплатени сметки.rn
9. Раѓање
rn
rnrnБебињата родени на 1-ви јануари се сметаат за „деца на среќата“.
