Постојат одредени ситуации со кои сите ние се соочуваме во одреден момент од нашиот живот и на кои навистина треба да им кажеме „НЕ“. Животот постојано наоѓа различни начини за да ве зароби – даноци, лоши договори, таканаречени „пријатели“ кои само ви го отежнуваат животот… Но, тој е прекраток за да бидете заробени на работа која ја мразите, прекраток за да останете во незадоволителна врска и прекраток за да го поминувате во ситуации во кои не сте среќни. Токму затоа погледнете ги следниве 30 нешта на кои мора да научите како да им кажете „НЕ“!rnrn
rn
1. Кажете ѝ „НЕ“ на работата која не ја сакате.
rn
rnrnНе продолжувајте да работите од 9 до 5 на место кое не можете да го поднесете.rn
2. Кажете ѝ „НЕ“ на токсичната врска.
rnПрифатете ја љубовта која ја заслужувате, не онаа љубов која ќе ве скрши.rn
3. Кажете им „НЕ“ на границите.
rnНикој не сака да живее во кутија.rn
4. Кажете им „НЕ“ на очекувањата од вашите родители.
rnВо вашиот живот треба да ја следите вашата страст, без разлика колку ризично им изгледа тоа на мама и тато.rn
5. Кажете ѝ „НЕ“ на вашата потреба да добиете одобрување од другите.
rn
rnrnВам не ви е потребен никој за да ви кажува колку сте добри. Тоа треба самите да си го знаете.rn
6. Кажете им „НЕ“ на луѓето кои ве држат во место.
rnИ „НЕ“ на себе, доколку не си дозволувате да продолжите натаму.rn
7. Кажете му „НЕ“ на тоа што општеството мисли дека треба да го правите со вашиот живот.
rnВие самите треба да го најдете вашиот пат.rn
8. Кажете „НЕ“ за трошење на вашето скапоцено време.
rnНаправете секој момент да вреди.rn
9. Кажете „НЕ“ за чекање други луѓе.
rnЕдноставно немате време за тоа.rn
10. Кажете им „НЕ“ на диетите.
rn
rnrnИ „ДА“ на храната која му е потребна на вашето тело.rn
11. Кажете му „НЕ“ на вашиот ужасен шеф.
rnОдбијте секојдневно да ви викаат без никаква причина.rn
12. Кажете ѝ „НЕ“ на последната пијачка која не ја сакате.
rnСите пијат шотови, но тоа не значи дека треба и вие да им се придружите.rn
13. Кажете му „НЕ“ на чувството да правите што било што не сакате.
rnАко не ви се допаѓа нешто, не правете го тоа!rn
14. Кажете „НЕ“ на самосожалувањето.
rnНаместо тоа, најдете начин како да се подобрите самите себеси.rn
15. Кажете „НЕ“ за избегнување на неизбежното.
rn
rnrnИ едноставно соочете се со тешките ситуации и потоа продолжете понатаму.rn
16. Кажете „НЕ“ за следењето туѓ пат.
rnВие сами го резбите својот пат низ овој свет, токму затоа почнете уште веднаш.rn
17. Кажете му „НЕ“ на скршеното срце.
rnЗаборавете на „давењето“ и испливајте на површината.rn
18. Кажете „НЕ“ на откажување од вашите соништа.
rnАко се откажете од соништата, вашиот живот ќе биде залуден.rn
19. Кажете „НЕ“ на задоволувањето со второто најдобро нешто.
rnНе можете да го добиете она што го сакате доколку прифаќате помалку од она што заслужувате.rn
20. Кажете „НЕ“ за рационализирање на вашите стравови.
rn
rnrnСоочете со стравовите – тие ќе ве направат посилни!rn
21. Кажете ѝ „НЕ“ на неактивноста.
rnСтанете од каучот, излезете од домот… Правете сè со цел да ги постигнете вашите цели.rn
22. Кажете ѝ „НЕ“ на оградата околу вашето срце.
rnСите ние треба да ги отвориме нашите срца со цел да бидеме способни да љубиме.rn
23. Кажете ѝ „НЕ“ на паниката.
rnЗапомнете, кога ќе стигнете до дното, единствениот пат надвор е кон горе.rn
24. Кажете им „НЕ“ на луѓето кои немаат време за вас.
rnВистинските пријатели се оние кои го менуваат својот календар за вас, без разлика на ситуацијата.rn
25. Кажете им „НЕ“ на притисоците.
rn
rnrnЗемете го вашиот пасош и одлетајте од тука!rn
26. Кажете „НЕ“ на чувството дека сте изгубени.
rnНајдобрите авантури се оние кои се случуваат само кога ќе ги напуштите мапите.rn
27. Кажете „НЕ“ на тоа да бидете подредени.
rnНе ѝ дозволувајте на „големата риба“ да ве оттргне од успехот.rn
28. Кажете им „НЕ“ на вашите негативни мисли.
rnПозитивноста ќе ве одведе онаму каде што негативноста не би можела никогаш ни да замисли.rn
29. Кажете ѝ „НЕ“ на монотонијата.
rnСпонтаноста е добра за вашиот живот!rn
30. Кажете му „НЕ“ на лесното.
rn
rnrnИ прифатете ги сите предизвици кои ќе се појават на вашиот пат.