КАФЕ ПАУЗА

Приватните бизниси на познатите ѕвезди

Приватните бизниси на познатите ѕвезди

Многу познати глумци, пејачи и модели, покрај својата кариера, паралелно си водат и успешни бизниси, но малку е познато за тоа. Најверојатно сакаат бизнисите да им бидат успешни поради тоа што се, а не поради нивните успеси во кариерата. Многумина од нив ова го чинат за да си ја обезбедат иднината и во поодминати години.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnСандра Булок има свој ресторан, но тоа не е ништо ново кога станува збор за холивудските ѕвезди. Специфично за ресторанот на Булок е тоа што таму можете да купите еколошки свеќи „Bessence“ направени од соино масло. Една свеќа чини 40 долари. Исто така таа има фирма која се занимава со организација на свечености, која успешно функционира.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnАктерот Крис Норт има свој бизнис поврзан со музиката. Тој е еден од партнерите на клубот „The Cutting Room“ во Менхетен, каде што можете да чуете џез, блуз и соул. Тој во клубот сака да промовира нови неоткриени таленти. На неговата сцена пееле и Нора Џоунс и Гвинет Палтроу.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnАмериканската хип-хоп ѕвезда Фарел Вилијамс ги вложил своите пари во модната индустрија. Неговите две колекции „Billionare Boys Club“ и „Icecream“ веќе го доживеаја својот успех, а Фарел веќе вложи и во производство на текстил од рециклирани пластични шишиња. Неговиот план е да отвори продавници во сите краеви на светот.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnАлиса Милано ја промовираше својата модна линија за женска спортска гардероба. Модната линија „Touch“ се прочу како удобна и комотна, но и со многу стил.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnСтив Карел е сопственик на продавниците „Marshfield Hills“ каде што можете да купите накит, играчки, подароци и други ситници. Тој за „CNN“ изјавил дека ваквиот бизнис го започнал од љубов, но дека тоа е сериозен бизнис.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnТај Барел пред да ја добие Еми наградата работел како келнер. Откако кариерата му донесе многу пари, со својот брат отворил бар „Utah’s Bar-X“ каде што можете да се напиете коктели по цена од 9 долари.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.