КАФЕ ПАУЗА

Откријте што е афродизијак за секој од хороскопските знаци

(1) afrodizijak-spored-horoskopskiot-znak-www.kafepauza.mk

Како да дознаете што може да ја заведе личноста која ја посакувате? За среќа астрологијата може да ви понуди неколку насоки. За некои знаци тоа може да биде рози и шампањ, за други мирис на кожа. Во продолжение погледнете на што „паѓаат“ хороскопските знаци и како да го искористите тоа во ваша корист.rnrn(1) afrodizijak-spored-horoskopskiot-znak-www.kafepauza.mkrnrn

Овен

rnСпонтаните и заводливите Овни се вбројуваат меѓу најстрасните хороскопски знаци. Тие уживаат во визуелното искуство, па многу им е важно како изгледате и каде ќе одите на љубовен состанок со нив. Многу ги возбудува црвената боја, како и силните мириси. Ѓумбирот е одличен стимуланс за нив.rn

Бик

rnТипичните Бикови обожуваат ароматични и сензуални мириси, ориентална музика, како и удобност на свилени перници. Според астрологијата, најсилниот стимуланс за нив е течното злато – медот.rn

Близнаци

rnЗа Близнаците да се смират и да останат подолго време во вашите прегратки, нема да згрешите со када полна со мирислива купка, свеќи и тивка музика. Етеричните масла им претставуваат вистинска релаксација, како и масажа на телото. Близнаците обожуваат ароматични мириси и најмногу реагираат на цимет и морски оревчиња.rn

Рак

rnНежните и сензуалните Ракови најмногу се опуштаат со масажа со ароматични масла, кои имаат нежни ноти, но за да им го разбудите еротскиот пламен потребни ви се сирови остриги.rn

Лав

rnЗа да го почувствувате врвот на уживањето, за време на љубовните игри треба да направите Лавовите да се чувствуваат важно. Меѓутоа, доколку на овој љубител на луксуз на јадењето му се додаде малку од најскапиот зачин на светот – шафран, можете да очекувате огномети во креветот.rn

Девица

rnАналитичките и понекогаш ладни Девици, уживаат во интелектуална стимулација, додека лукот може да ја распламти нивната крв и да ги претвори во врвни љубовници. Со лукот не треба да се претерува, доволни се само две чешниња за да ги покажат своите љубовни вештини.rn

Вага

rnВагите ја обожаваат убавината и уживаат во хармонична и складна атмосфера. Нивната кожа е доста чувствителна, па нежната масажа ќе има чудесен ефект врз нив. Меѓутоа, коцка чоколадо што им се топи во устата ќе ги претвори во неконтролирани љубовници.rn

Скорпија

rnСтрасните Скорпии се неодоливи поради нивниот магнетизам и мистичност. Сè што има мирис и нота на таинствено и забрането, за Скорпиите претставува предизвик на кој не можат да одолеат. Вистинскиот избор за нив се тартуфи и секако една чаша топол пијалак.rn

Стрелец

rnСтрелците мечтаат за разменување нежности и љубов на јавно место, бидејќи интимноста тогаш им станува слатка како забрането овошје. За да се распламтат страстите на Стрелците, треба да додадете поголема количина бибер во храната.rn

Јарец

rnЈарците се познати по тоа што уживаат во скапи, стари и квалитетни работи. Со оглед на тоа дека античките народи ја користеле ванилата како моќен афродизијак, за припадниците на овој знак, таа е вистинскиот избор.rn

Водолија

rnВодолиите уживаат во авантури и копнеат по она што им е непознато, неиспитано. За нивната сексуалност ништо не делува подобро од парче сочно авокадо. Легендата вели дека старите Ацтеки верувале во овој моќен афродизијак толку многу, што дури жените ги затворале во домовите за време на бербата на ова овошје.rn

Риби

rnРомантичните Риби уживаат во сè што им гарантира задоволство на сите сетила. За разгорување на нивните страсти, чаша црно вино е вистинскиот избор, бидејќи истовремено ги опушта и им ја забрзува крвта во нивните вени.rnrnПрочитајте повеќе и за овие 5 овошја кои имаат афродизијачки ефект и го зачинуваат сексуалниот живот.