Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

Сподели

Доколку имате желба за додипломски или постипломски студии надвор од нашата земја, олеснителна околност е доколку предавањата се на англиски јазик. Ова се дел од универзитетите ширум целиот свет кои нудат програми на англиски јазик.rn

Реклама

Maastrict University – Холандија

rnНа овој универзитет има налив од студенти од Велика Британија, бидејќи школарината е околу 1.700 евра годишно. Речиси половина од додипломските студии се на англиски јазик, а поголемиот дел од магистерските и докторските студии се исто така на англиски.

rn

Politecnico di Milan – Италија

rnЕден од водечките универзитети во Италија објави дека од 2014 година речиси сите предавања и оценувања ќе бидат на англиски јазик.

rn

Национален Универзитет во Сингапур

rnСпоред минатогодишното рангирање, овој универзитет е на 28-мо место во светот, а предавањата се целосно на англиски јазик.

rn

Riga Technical University – Летонија

rnТехничкиот Универзитет во Летонија нуди голем избор на додиполомски студии на англиски јазик, вклучувајќи телекомуникации, авијација, транспорт и животна средина. Школарината е околу 1.400 евра годишно.

rn

Универзитетот во Хонг Конг

rnРечиси сите предавања на овој универзитет се на англиски јазик. Споредено со Британија, цената на школарината и не се разликува многу, но стандардот е понизок како и секојдневните трошоци.

rn

Bonn University – Германија

rnОвој универзитет има голем број специјално дизајнирани курсеви за странски студенти, како додипломски така и постдипломски студии кои целосно или делумно се предаваат на англиски јазик. Студиите вклучуваат право, култура, природни науки и математика.

rn

The University of Stavanger – Норвешка

rnВо Норвешка не се наплаќа школарината, дури ни за странските студенти, а во голем дел од универзитетите се нудат курсеви на англиски јазик. На универзитетот во Ставангер има голем број додипломски студии на англиски јазик, вклучувајќи компјутерски науки, математика и физика, музика и танц. Додека на универзитетот во Осло има повеќе од 40 магистерски програми на англиски.

rn

Sciences Po – Франција

rnОвој високо селективен универзитет во Париз, Франција, е специјализиран за општествени науки и токму од таму излегува најголемиот дел од политичката елита во земјата. Некои курсеви се целосно на англиски јазик, додека за други, иако треба да се развие некое познавање на францускиот јазик, сепак има и повеќејазична програма.

rn

Бизнис школата на Копенхаген – Данска

rnСо над 17.000 студенти, ова е еден од најголемите бизнис универзитети во Европа. Речиси половина од курсевите се на англиски јазик.

rn

Leiden University – Холандија

rnЗа повеќето од курсевите е потребно задоволително ниво на владеење на холандскиот јазик, но за некои, како науки и уметности, предавањата се целосно на англиски јазик. Како и да е, после втората година, многу додипломски студии се спроведуваат целосно на англиски јазик.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.a

Најново

Може ќе ве интересира