Не можете да заспиете навечер? Не сте единствени! Многу луѓе имаат проблеми со спиењето, а сите знаеме дека квалитетниот сон е неопходен за нормалното извршување на секојдневните обврски. За среќа, постои една аудио приказна што веднаш ќе ве испрати во светот на соништата.rnrn
rnrnСтанува збор за приказна раскажана од страна на актерот Стивен Фрај, кој инаку му е најдобар пријател на Хју Лори, попознат како доктор Хаус. Приказната трае 24 минути и е создадена благодарение на апликацијата за медитација Calm.rnrnПриказната за добра ноќ се вика „Сино злато“ (Blue Gold) и ќе ги одведе возрасните на мрзлива прошетка низ полињата од лаванда во Прованса. Додека да трепнете, ќе се почувствувате поспани и ќе потонете во длабок сон.rn
„Ве предизвикуваме да останете будни овие 24 минути додека трае приспивното ремек-дело од Стивен Фрај“, напишала компанијата на веб-сајтот.
rnЌе го прифатите предизвикот? Можете да ја слушнете приказната тука или пак да ја симнете апликацијата. Убав сон!rnrnДоколку имате проблеми со спиењето, прочитајте ја и оваа античка техника за подобар сон.