Според едно ново истражување, зголемувањето на вашата свесност може да биде многу поефикасен начин за подобар сон од која било модерна техника. Резултатите покажуваат дека оваа техника имала особено големо значење кај постарите возрасни.rnrn
rnrnДа научите како да спиете подобро е многу важно бидејќи лошиот сон е поврзан со многу видови психолошки и физички проблеми. Околу 50% од луѓето над 55 години изјавуваат дека имаат некаков проблем со сонот. Токму затоа, оваа студија по случаен избор поставила 49 луѓе во 2 различни групи. Сите луѓе во студијата биле постари индивидуи кои имале одреден вид проблеми со спиењето.rnrnЕдната група посетувала 6-неделен курс за „хигиена на сонот“, релативно модерна техника која била тестирана во многу студии, додека пак другата група посетувала 6-неделен тренинг за проширување на свесноста.rn
„Развиената свесност значи обрнување внимание на специфичен начин, на одредена цел, во сегашноста и без судење“, вели истражувачот Џон Кабат-Зин.
rnРезултатите ни покажуваат дека оние кои го посетувале курсот за зголемување на свесноста покажале поголем напредок во квалитетот на нивниот сон, во однос на оние кои го посетувале модерниот курс. Првата група исто така покажувала помало ниво на депресија и се чувствувале поенергично од претходно.rnrnОвие резултати меѓу другото ни ја покажуваат и клучната поврзаност помеѓу несоницата и нарушувањето на здравјето, ризикот од употребата на медикаментите и ограничената можност на здравствените професионалци кои немаат тренинг во бихејвиоралната и когнитивната терапија за несоница. Со други зборови, секогаш е подобро прво да се обидете да најдете алтернативен начин за справување со себе, односно да се насочите кон вашите емоции и оние нешта кои во моментот ви ја предизвикуваат несоницата, а медикаментите да ги оставите како последно решение.