Дали знаете дека вашиот генерациски број може да ви открие каков партнер сакате? Генерацискиот број се добива со собирање на сите бројки од годината на вашето раѓање. На крајот, треба да го сведете збирот на едноцифрен број и така ќе дознаете кој е вашиот генерациски број.rnrn
rnrnНа пример: Ако сте родени во 1986 година, пресметката би се одвивала вака:rnrn1 + 9 + 8 + 6 = 24 rn2 + 4 = 6rnrnВо овој случај, вашиот генерациски број е 6. Епа ајде, пресметајте го вашиот број и дознајте нешто повеќе за љубовниот партнер кој навистина ви е потребен…rn
Генерациски број 1
rnСакате интелигентен партнер со кого ќе можете да разговарате за сѐ. Пожелно е да биде поинтелигентен од вас за да можете да учите нови и непознати работи. Никако не смее да биде тврдоглав и ограничен. Треба да ви дава поддршка и да биде тука за вас. Ги цените добрите говорници, но ако се изразуваат граматички неправилно, тука ставате крај. Сакате мирна љубов, без многу турбуленции.rn
Генерациски број 2
rnВие сте многу чувствителни. Ви треба емотивен партнер кој без никакво воздржување ќе ви ги покажува неговите чувства и љубов. Сакате да ви зборуваат и да ве уверуваат во постоењето на емоциите, бидејќи на тој начин ја негувате вашата самодоверба. Не сакате грубост и очекувате од партнерот постојано да ви покажува внимание, љубов и нежност.rn
Генерациски број 3
rnОчекувате безусловна љубов и максимална толеранција од страна на партнерот. Ако имате среќа да сретнете ваков партнер, животот ќе му го претворите во бајка. Вие сте подготвени да дадете сѐ за љубовта, доколку го добиете истото за возврат. Тежнеете кон идеалот.rn
Генерациски број 4
rnСакате да најдете партнер кој ќе биде сличен на вас. Пред сѐ, барате одговорен и традиционален партнер. Тој мора да биде чесен, вреден и трудољубив човек на кого ќе можете да се потпрете и кој ќе знае да ги цени вашите квалитети. Ги презирате неурамнотежените односи, бидејќи сакате да знаете на што се и каде води врската.rnrn
rn
Генерациски број 5
rnСакате весели, комуникативни, интересни и интелигентни партнери. Очекувате од партнерот да презема иницијатива, да ви прави разни изненадувања и никогаш да не ви биде здодевно. Сакате да ги откривате сите животни радости, да се смеете и забавувате. Ги презирате караниците и ограничувањето на слободата. Подготвени сте да дадете сѐ од себе за вистинскиот партнер.rn
Генерациски број 6
rnВие сакате шармантни, убави и привлечни партнери. Очекувате од партнерот да ви дава љубов, внимание и еротика, бидејќи тоа ви е најважно. Сакате партнерот да ви ги пружи сите благодети за добар живот. Сакате брак и стабилна финансиска ситуација, убаво уреден дом, деца, богат социјален живот и хармонија, без која не можете да функционирате.rn
Генерациски број 7
rnСакате натпросечно интелигентни партнери со кои ќе можете да анализирате и водите филозофски разговори. Одбирате впечатливи интелектуалци и филозофи. Партнерот мора да ви даде искрена љубов, без никакви сомнежи, љубомора или посесивност.rn
Генерациски број 8
rnСакате силни партнери кои имаат изградено кариера. Ви треба заштита и сигурност, па затоа одбирате крупни и високи партнери кои ќе можат да ве скријат во прегратка и да ви дадат топлина. Сакате партнер кој ќе биде авторитет со јасно определени граници. Ви треба алфа маж кој ќе ве почитува, но нема да ве контролира.rn
Генерациски број 9
rnВи треба партнер кој ќе ви ја даде сета љубов на светот и повеќе од тоа. Со оглед на тоа што сте многу затворени, сакате партнер кој ќе ви помогне да се отворите и кој нема да ја злоупотреби вашата доверба. Се плашите од измами и предавства, па затоа ви треба лојален партнер. Сакате да најдете некој кој ќе биде ист како вас, со исти ставови и потреби.rnrnДоколку се интересирате за нумерологија, дознајте што открива личниот број за вашиот карактер.