Прекрасниот национален парк Плитвички Езера во Хрватска

Сподели

Плитвички Езера е првиот национален парк во Хрватска основан во 1949 година. Опфаќа простор од 296.85 км и се наоѓа меѓу најголемите 8 во целата држава. Тој изобилува со неверојатна природна убавина и пејзажи кои одземаат здив.

Реклама

Во овој парк можете да забележите многу водопади, езера, шуми и различни видови животни. Највисокиот водопад е околу 70 метри, додека пак езерата се познати по нивните специфични бои кои се движат од небесно сина, светло зелена, па сè до уникатно сива боја. Боите се менуваат во зависност од количината на минералите и организмите кои се наоѓаат во водата, како и од аголот под кој паѓа сончевата светлина.

16-те езера кои се формирани од природни брани се поделени во горни и долни езера, додека пак патеките за туристите се наоѓаат на надморска височина помеѓу 503 и 636 метри.

Паркот Плитвички Езера се наоѓа во централниот дел од Хрватска и е најмногу познат по неверојатните природни знаменитости. Дури и по 60 години откако бил основан како национален парк, сè уште е голема инспирација за посетителите кои без разлика од каде доаѓаат, не пропуштаат да го посетат. Поради тоа денес се смета за една од најголемите туристички атракции во оваа држава.

Доколку некогаш одлучите да ја посетите Хрватска, без разлика дали е лето или зима, одделете еден ден за ова прекрасно место каде што ќе искусите нешто сосема различно и барем накратко ќе се одморите од напорниот „градски“ живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира