Еден ден богат татко го однесол својот син на патување до едно село со строга цел да му покаже колку сиромашни можат да бидат луѓето. Тие поминале еден ден и една ноќ во фармата на една многу сиромашна фамилија.rnrn
rnrnКога се вратиле дома, таткото го прашал својот син:rnrn– „Како беше патувањето?“rnrn– „Многу добро, тато!“rnrn– „Виде ли колку сиромашни можат да бидат луѓето?“rnrn– „Да!“rnrn– „И што научи?“rnrnСинот тогаш му одговорил:rnrn– „Видов дека ние имаме куче дома, но тие имаат четири. Ние имаме базен кој се простира до средината на градината, тие имаат бескраен поток. Ние имаме ламби во дворот, тие имаат ѕвезди. Ние имаме поплочен двор до внатрешноста на нашето земјиште, тие имаат цел хоризонт.“rnrnКога младото момче заврши, таткото остана без зборови. Тогаш тој додаде:rnrn– „Ти благодарам тато што ми покажа колку сме ние сиромашни!“rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
