Животот е долг пат кој треба смело да го поминуваме исто како да сме воз: Движејќи се напред и никогаш не вртејќи се наназад. Прочитајте го писмото кое ја прави една од најнеочекуваните, но изненадувачки и една од најточните компарации со животот. Освен моќна порака, носи и моќна приказна која ќе ве натера да размислите од поинаква перспектива и ќе ве посоветува на еден сосема неконвенционален начин.rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnПосакував да бев воз, бидејќи возовите секогаш знаат каде одат. Тие го знаат својот пат и местата на кои треба да застанат. Тие никогаш не застануваат на погрешната станица и не застануваат на станиците кои немаат место за нив. Тие секогаш се погрижуваат станицата да знае дека ќе пристигнат, дека таа е подготвена и дека ги чека.rnrnВозот не ги чека патниците кои задоцниле или оние кои не се сигурни каде одат. Тие примаат само патници кои купиле билет, кои знаат дека треба да се качат токму на тој воз за да стигнат до својата дестинација. Возот нема изговори за збунетите или колебливите патници, нему му е грижа за оние кои се неодлучни.rnrnВозот патува во темнината и не се плаши од пречките на патот. Продолжува да вози во една насока и не се врти наназад. Гледа право и се движи напред и ретко гледа што оставил зад себе. Возот не се грижи за камчињата на шините сѐ додека се движи и не му е грижа дали е ден или ноќ, сѐ додека може да го види патот.rnrnВозот запира на сите станици и учи да се прилагодува по патот. Можеби тоа не е најубавата станица во светот, но таа е дел од патот и возот ги прифаќа сите делови од тој пат – добрите, лошите и грдите. Возот не ја чека совршената станица, тој знае дека постои нешто што може да се научи од секоја станица којашто ќе го направи патот понатаму полесен и помалку страшен.rnrnВозот не се грижи за тежината на товарот кој го носи, тежок или лесен, тој ќе го однесе онаму каде што припаѓа. Наместо да се грижи за товарот, тој ужива во сценаријата кои ги поминува по патот. Бидејќи овие моменти го прават возењето вредно, полесно, позначајно и прават возот да заборави дека е сам. Возовите наоѓаат убавина во изолацијата.rnrnПосакував да бев воз бидејќи возовите ги прават луѓето среќни, ги носат до саканите, го олеснуваат сретнувањето помеѓу оние кои се далеку и им даваат причина на луѓето да очекуваат и да се надеваат на нешто. Посакував да бев воз бидејќи тие не се задржуваат долго на една станица, тие продолжуваат да се движат и покрај тоа колку станицата може да е посебна. Кога е време, возот едноставно заминува. Возовите секогаш знаат кога да заминат. Возовите секогаш заминуваат пред да е предоцна.rnrnПосакував да бев воз, бидејќи кога возовите се судираат, тие стануваат приказна од насловната страница – дури и во нивното уништување, тие сѐ уште го оставаат светот со нешто за што ќе се зборува.rnrn[/message_box]
Посакував да бев воз: Писмо кое ја открива тајната на животот
