Исхраната која се заснова врз принципите на јогата може да ни помогне да ги одржуваме во форма умот и телото. Таа се состои од здрави намирници кои на телото му даваат доволно хранливи состојки и витална енергија. Во продолжение прочитајте ги „правилата“ врз кои се заснова таа.rnrn
rn
Јадете природна и што помалку обработена храна
rnХраната сама по себе се карактеризира со хемиски состав кој може значително да биде променет под влијание на готвењето, термичката обработка, ферментацијата, сушењето итн. Да не ги заборавиме и хемиските додатоци и конзерванси. Затоа, наместо да подготвите супа од ќесичка, обидете се да зготвите супа од свеж зеленчук.rn
Изберете локални и сезонски производи
rnЕдноставно, се храниме со она што е карактеристично за тековната сезона. Сепак, благодарение на консумеризмот, навикнати сме да консумираме храна која доаѓа од далечните краишта, а специфичноста на годишните времиња исчезнува токму поради можноста за одгледување во пластеници. За да знаеме како да избереме локална и сезонска храна, треба да ги набљудуваме годишните времиња. Така, вишните и црешите созреваат во пролет, имаат кисела нота и се богати со витамини бидејќи на пролет нашиот организам се буди и има потреба од витамини. Потоа доаѓаат глуварчето, младата коприва и другите разноразни билки кои го чистат црниот дроб по долгите зимски ноќи. Лубениците и праските, пак, се многу слатки и зреат во лето. Според Ајурведата, слаткиот вкус го лади телото, па логично е да се јаде повеќе овошје во лето.rn
Внимателен избор на состојките за време на оброкот
rnСпоред филозофијата на Ајурведата, многу е важно што со што комбинираме и дали тоа го забрзува или успорува варењето. Еве неколку правила кои важат за сите:rn
Овошје како индивидуален оброк
rnНајмалку еден час пред оброк и два до три часа по оброкот. Особено дињите и лубениците бидејќи тие се слатки и брзо ферментираат во организмот. Освен тоа, важно е да не заборавите дека никогаш не треба да се меша овошје со млечни производи.rn
Само еден вид протеин во оброкот
rnОбидете се во оброкот да биде застапен само еден вид протеин со оглед на тоа дека на различни протеини им се потребни различни ензими и различно време за да се разградат. На пример, ако јадете грав, тогаш во тој оброк не треба да додадете млечни производи. Правилото гласи дека растителните протеини (соја, наут, грав, леќа) и млечните протеини (сирење, јогурт, млеко) не треба да се мешаат.rn
Главните оброци треба да содржат доволно протеини
rnЗа време на главниот оброк треба да ги внесете сите 12 аминокиселини кои самиот организам не може да ги произведе. Доколку јадете производи од животинско потекло, тоа нема да биде проблем бидејќи месото, јајцата и сирењето ги содржат сите 12 аминокиселини, но доколку претпочитате оброци од растително потекло, треба да внимавате вашиот оброк да ги содржи сите хранливи состојки. Растителната храна која сама по себе ги содржи сите есенцијални аминокиселини се леќата, сојата, киноата и семките од коноп.rn
Зачините помагаат во варењето на исхраната
rnСпоред Ајувердата кралот на зачините е ѓумбирот. Кај нас, пак, најпопуларен зачин е биберот кој исто така значително го подобрува процесот на варење.rn
Мастите се нашите пријатели
rnМитот дека мастите придонесуваат за зголемување на телесната тежина е целосно точен. Особено е важно да се знае дека здравите масти од природни извори се важен елемент за метаболизмот и севкупното здравје на организмот.rn
Митот за шеќерот
rnМитот дека шеќерот е наш непријател е делумно точен. Шеќерот е еден од примарните вкусови и сè во природата има потреба од „шеќер“ за да расте. Освен тоа, овошјето не само што е слатко и изобилува со шеќер туку содржи и витамини и минерали. Производите, пак, кои се направени од преработен шеќер се штетни бидејќи тие ја спречуваат апсорпцијата на витамини и минерали. Тука спаѓаат сладоледот, бисквитите, индустриското чоколадо и многу други производи кои се штетни за организмот.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за здрава исхрана, можеби ќе сакате да прочитате и како куркумата може да ви помогне во борбата против оксидативниот стрес.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hrrnrn