КАФЕ ПАУЗА

Победникот помеѓу чувствата

Победникот помеѓу чувствата

Еднаш многу одамна, сите чувства се беа собрале на една ливада. Им било здодевно па лудоста предложила да играат криенка. Итрината се помислила, но сепак ја прифатила играта, љубопитноста веднаш скокнала подготвена за игра, а среќата почнала да скока и ги убедила воодушевувањето и сомнежот и тие да бидат дел од играта.rnrnСамо вниманието, гордоста и вистината биле против. Вниманието не сакало да ризикува. Гордоста мислела дека тоа е глупава идеја, а вистината не сакала да се крие, зошто на крај сепак ќе ја пронајдат.rnrnПобедникот помеѓу чувстватаrnrnЕден, два, три…почнала да брои лудоста.rnrnПрва се сокрила мрзеливоста која само се фрлила на првиот камен на патот. Убавината скокнала во кристално чисто езеро, а верата се качила на небото. Зависта се сокрила во сенката на успехот, а заборавот заборавил дека треба да се сокрие. Великодушноста никако не можела да одлучи каде да се сокрие, зашто секое место ѝ се чинело совршено за некој од нејзините пријатели. Срамежливоста се пикнала низ пукнатината на едно дрво, а слободата го нашла своето место во дувањето на ветерот. Себичноста пронашла скришно место, само за себе. Лагата се сокрила на крајот на виножитото (Лаже! Била на дното на океанот), а страста во кратерот на вулканот.rnrnКога лудоста избројала до 99, љубовта уште не пронашла скривалиште затоа што се било зафатено, брзо се сокрила меѓу цветовите.rnrnЛудоста избројала до 100, па почнала да бара.rnrnПрво ја нашла мрзеливоста зад најблискиот камен. Набргу ја нашла верата како се расправа со Бог. Случајно тука се нашла зависта, а секако и успехот, а себичноста не требало ни да се бара, таа сама излегла од своето скривалиште каде се покажало дека има осило. Од толку барање лудоста ожеднала и сакајќи да се напие вода од кристалното езеро ја пронашла убавината. Така лудоста лесно ги пронашла сите.rnrnСамо љубовта не можела никаде да ја пронајде. Ги пребарала секоја грмушка и секоја планина и бесна ги здогледала ружите. Застанала меѓу нив, зела суво гранче и почнала да удира по прекрасните цветови. Одеднаш се слушнал болен крик. Трњата од ружите ги изгребале очите на љубовта. Лудоста ја молела љубовта да ѝ прости и на крајот одлучила засекогаш да остане покрај љубовта и да ѝ помага со цел да ѝ се оддолжи. Така љубовта станала победник над сите чувства, но останала слепа, па лудоста ја следи каде и да отиде.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.