Сакате да ослабете, а не знаете како да ги контролирате порциите храна? Во тоа ќе ви помогне едноставната „дланка диета“.rnrn
rnrnКонтролирањето на големината на порциите и внесот на калории се двата најважни елементи во повеќето диети. Со т.н. „рачна“ диета нема потреба да размислувате за калориите, а порциите без проблем ќе ги држите под контрола.rnrnОваа диета се заснова на идејата за контролирање на порциите храна со помош на сопствената рака. Поточно, со помош на одредени делови од дланката. Така, препорачаната дневна количина месо, на пример, не би требало да биде поголема од големината на вашата раширена дланка.rnrnИстражувањето спроведено од Американското здружение за малигни болести покажало дека не сме вешти во менаџирањето на количината храна која ја внесуваме во организмот. На пример, просечната порција тестенини е пет пати поголема од препорачаната количина.rnrnОтсекот за исхрана и студиите за храна на Универзитет Њујорк вината ја фрлаат на менталитетот „празна чинија“ кој ни создава погрешен однос кон храната. Луѓето од мали се учат дека мора да исчистат сѐ од чинијата пред себе, а таквото однесување подоцна преминува во навика, па во комбинација со преголемите порции доведува до натрупување вишок килограми.rnrn
rnrnМали промени во исхраната можат да доведат до големи резултати, само мора да научите како секојдневно да ја контролирате количината на храна што ја јадете.rnrnПарче путер големо колку врвот на прстот има максимум 40 калории и тоа е сосема доволно за појадок, а ако на парчето леб намачкате полна лажичка путер, непотребно ќе внесете минимум 110 калории.rnrnМала лажичка масло има 45 калории, а голема 135 калории. Заради една лажица масло вишок на ден, во годината можете да се здебелите 6 килограми.rnrnВо продолжение дознајте колкава количина од основните и популарни намирници смеете да консумирате во текот на еден ден.rnrnНа ист начин контролирајте ги и останатите намирници од иста група и запаметете дека во јадењето свежо овошје и зеленчук не постои ограничување.rn
- rn 011
- Месо – отворена дланка
- Риба – отворен дланка
- Јаглехидрати (тестенини, компир, ориз, леб) – затворена дланка
- Путер – врвот на прстот
- Сирење – испружен показалец и среден прст
- Мајонез, кечап и други индустриски сосови – врвот на два прсти
- Чоколадо – три испружени прсти
- Сладолед – затворена дланка
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn