101-годишниот Ву Конган (Wu Conghan) и две години постарата сопруга, Ву Согнши (Wu Sognshi), по речиси девет децении од нивната венчавка, одлучиле да ги направат првите свадбени фотографии. Брачниот пар од Кина се венчал во 1924 година, но, за жал, тогаш немало фотостудио, кое би го овековечило овој момент.
88 години подоцна, локална фотографска компанија се понудила да ги фотографира во истата облека, која ја носеле на свадбата. Па така, Согнши „влегла“ во нејзиниот невестински фустан, а Конган во бел костум и задоволно застанале пред објективот.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
