КАФЕ ПАУЗА

Паста за заби во форма на таблети: Нов начин на миење заби

Паста за заби во форма на таблети: Нов начин на миење заби

Пастата за заби постои уште од ерата на древните Египќани. Пастата којашто ни е позната денес, прв пат била претставена во 1892-ра година. Оттогаш, освен нејзините состојки, се променило многу малку, сè до денес.rnrnПаста за заби во форма на таблети: Нов начин на миење забиrnrnПастата за заби во форма на таблети е верзија за џвакање на пастата со којашто пораснавме. Едноставно, ставате таблета во вашата уста, ја џвакате за да ја скршите, а потоа ги миете забите како вообичаено. Таблетите самите прават пена и нема потреба од употреба на вода. Исто така достапни се 100% природни и вегански опции.rnrnСпоред Линдзи Меккормик, основач на компанијата Bite Toothpaste Bits, овие таблети би помогнале во елиминирањето на над 1 милијарда пластични туби за паста кои секоја година завршуваат во депониите.rnrnИако постојат таблети на пазарот кои се транспортираат во пластика, продуктот на Линдзи се доставува исклучиво во стаклени шишиња за повеќе употреби. Таблетите за дополнување на шишето се доставуваат во разградивa пластика. Сакајќи да ја намали пластиката во депониите и хемикалиите во нашите тела, Линдзи ни го покажува патот со овој продукт и успеала да продаде над 8 милиони парчиња, за само 6 месеци. Таблетите се малку поскапи од традиционалната паста и се ретко достапни по продавниците. Сепак, можете да ги порачате онлајн.rnrnКога станува збор за состојките на пастата за заби, некои производители на таблетите сакаат да ги елиминираат оние што се штетни, како на пример флуорот, правејќи ги побезбедни за децата. Премногу флуор може да биде штетно за децата и да резултира со флуороза. Имено, Федерацијата за храна и лекови поставува предупредувања на пастите за заби со флуорид, напоменувајќи дека доколку децата под 6 години голтнат повеќе од дозволеното, би требало да се обратите кај професионалец.rnrnМинатата година, само во САД биле продадени над 300 милиони пасти за заби во туба, па ќе биде потребно подолго време за целосно да се заменат. Но со зголемениот интерес за одржување на здравјето и околината, можеби овие таблети ќе ги прифатат сите.rnrnПробајте ја и оваа домашно изработена паста за заби за блескава насмевка.