КАФЕ ПАУЗА

Партенон изграден од забранети книги како потсетник за значењето на интелектуалната слобода

Партенон изграден од забранети книги како потсетник за значењето на интелектуалната слобода

Во 1983 година уметницата Марта Минухин го создала „Partenon de los libros“ (Партенон од книги) за да го прослави крајот на воената диктатура во Аргентина. Партенонот на Минухин бил изграден од книгите кои биле забранети од страна на владејачката хунта. Денес, 27 години подоцна, уметницата повторно гради храм од забранети книги, но овој пат ќе бидат вклучени книжевни дела од целиот свет.rnrnПартенон изграден од забранети книги како потсетник за значењето на интелектуалната слободаrnrnНаредната година, Минухин планира да собере преку 100.000 забранети книги за да создаде реплика на древниот грчки храм Партенон кој веќе со векови претставува симбол на убавина и демократија. Откако ќе биде готова, инсталацијата ќе биде поставена во германскиот парк Фридрихплатц во Касел, каде што нацистите изгореле повеќе од 2.000 тома во 1933 година како дел од „Кампањата против негерманскиот дух“.rnrnПартенон изграден од забранети книги како потсетник за значењето на интелектуалната слободаrnrnПартенонот од книги ќе биде дел од еден од најголемите и најпознатите фестивали на современа уметност во светот. Сосема соодветно, темата на фестивалот за 2017 година гласи „Учиме од Атина“.rn

„Партенонот од книги претставува пример за борбата против насилство, дискриминација и нетолеранција“, изјавил Адам Симчик, уметнички директор на фестивалот.

rnАко си замислиме каде би биле во 2017 година доколку одредени луѓе останале на власт, Партенонот на книгите може да добие сосема ново значење и да прерасне во симбол на надежта.rnrnПартенон изграден од забранети книги како потсетник за значењето на интелектуалната слободаrnrnСо цел да се подигне свеста за овој проект, неколку видни книжевни организации веќе донирале книги. Американското здружение на библиотеки, на пример, донирало романи од Филис Рејнолдс Нејлор и Џеф Смит како и романот „Две момчиња кои се бакнуваат“ (Two Boys Kissing) од Дејвид Левитан, една од најпровокативните книги во 2015 година.rnrnПартенонот од книги ќе биде поставен 100 дена. На стотиот ден, храмот ќе биде разурнат, а забранетите книги ќе им се поделат на посетителите со цел повторно да почнат да кружат меѓу луѓето и да можат да ја испратат нивната порака.