„Paradisus“ хотели – гламур кој ќе ве помести од столчето

Сподели

Во луксузните одморалишта „Paradisus“, посетителите можат да доживеат едно комплетно ново искуство на неизмерен луксуз и безгрижно уживање покрај прекрасните крајбрежја на Доминиканска Република, Мексико и Костарика. Во овие луксузни хотели секој детаљ е перфектно смислен и направен за уживање на посетителите.Гостите можат да уживаат во секакви услуги. Собите се опремени со LCD телевизор, џакузи, сеф, приватен балкон, комплетно полн мини-бар, кафемат и фантастична спална со вграден аквариум во ѕидот.За ноќна забава се организираат свирки во живо, казината работат постојано, а во дискотеките се прават луди забави. Оние пак кои не се по забавата можат да уживаат во салоните за убавина, каде што можат да добијат секакви услуги. Уредување на коса, нокти и кожа, ароматерапевтски бањи, масажи, спа, сауна, биомасажи и многу други третмани.

Реклама

За храната во комплексот се грижат голем број готвачи, а пијалаците се секогаш од најдобриот бренд. Тука можете да пробате од азиската, бразилската, италијанската, американската, француската кујна и да уживате во фантастични вина со висок квалитет. Сѐ на сѐ, „Paradisus Resorts“ нуди едно незаменливо All Incluisve искуство, кое ќе ве помести од столчето, макар и само гледајќи ги сликиве.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира