Зошто треба да ја скратите косата ако навистина сакате да го преболите раскинувањето?

Сподели

Раскинувањето е многу непријатен момент, особено ако сте поминале подолго време со партнерот и сте се навикнале еден на друг. Во тие моменти сакате да направите сѐ за што побргу да се ослободите од тешкото чувство и да соберете сила за да продолжите понатаму. Покрај другите работи кои бараат повеќе време за лекување на вашите рани, треба да размислите и за промена на фризурата. Во продолжение прочитајте зошто е добро да ја скратите косата за полесно да го преболите раскинувањето.

Реклама

rn

1. Тоа е визуелен знак за промени

rnПотсетете се само колку шминката во филмовите служи за прикажување дека личноста поминува низ период на промени. Истото е и со фризурата. Со самото тоа што ќе ја скратите, вие покажувате дека нешто во вашиот живот се менува. Тоа е начин да му соопштите на светот, па и на самите себеси, дека без разлика дали сте спремни да прифатите или, вие вртите нов лист во вашиот живот. Нова фризура, нов лист, нова енергија, нова личност.rn

Реклама

2. Тоа е симбол на ослободување од минатото

rnБуквално. Кога одите во салон и драстично ја кратите косата, вие ги отфрлате „мртвите“ краеви и со тоа симболично го оставате вашето минато и се ослободувате од тежината на рамената. Си заминувате од салонот полесно, и физички и психички. Така се фокусирате на тоа да продолжите напред, во ново светло и ново издание.rn

3. Новиот стил прави да се чувствувате подобро, како надворешно, така и внатрешно

rnМожеби тешко ќе ви биде да признаете, но кога гледате дека однадвор изгледате убаво, тогаш и однатре се чувствувате одлично. Кратењето на вашата коса и новиот изглед може да направат да се чувствувате како најубавата девојка во светот. Тоа може да ви ги истакне очите, насмевката и вашите најубави црти, што не сте можеле да го постигнете претходно. Кому не му е потребно ова?rn

4. Резултатот го имате веднаш

rnЗа разлика од другите драстични промени, како што е губењето на тежината, преселувањето во нов дом и поврзувањето со друга личност, менувањето на вашата фризура веднаш носи резултати кои се видливи уште истиот момент. Зошто не треба да се двоумите да го преземете овој чекор? Затоа што сепак со текот на времето вашата коса ќе порасне!

Реклама

Во продолжение погледнете и што му е потребно на секој хороскопски знак после тешко раскинување.

Најново

Може ќе ве интересира