Размислувањето за вашето минато може да ви помогне да ja планирате својата иднина. Ова се работите што сите би сакале некој да им ги кажел кога имале осумнаесет години.rnrn
rn
1. Работата и работните места може да дојдат од кого било, каде било и кога било
rnСекогаш треба да се однесувате најдобро што можете и да оставате добар впечаток. Ќе се изненадите од тоа од каде сѐ може да добиете контакти кои можат да ви понудат значајни прилики и да го променат текот на вашиот живот – од градинарот кој се грижи за паркот, вашиот стилист за коса или од некој сосема непознат човек кој сте го запознале чекајќи ред за во тоалет.rnrnОднесувајте се убаво со сите и креирајте пријателства пред да ви затребаат бидејќи никогаш не знаете кој е или кој ќе биде во можност да ви помогне.rn
2. Животот е маратон, а не спринт
rnНе брзајте да го освоите светот. Добро научете ги основите работи, завршувајте си ја домашната работа и исполнувајте си ги обврските додека сте млади. Тоа на крајот ќе ви се исплати и кога ќе разберете како се составуваат коцките на мозаикот ќе можете да забележите многу можности.rnrnПовеќето луѓе прават многу заобиколувања во својата кариера пред да го добијат „вистинскиот повик“. Не се разочарувајте ако имате 40 години и сè уште истражувате затоа што патувањето е навистина одлична авантура, па затоа уживајте.rn
3. Стапете во брак со вистинската личност од вистинските причини
rnГолем дел од вашата среќа и тага во животот произлегуваат од одлуката за избор на вистинскиот партнер во животот.rn
4. Никогаш не рушете мостови
rnНикогаш не знаете кога вашите патишта повторно ќе се вкрстат со старите колеги, со поранешните шефови итн. Колегата кој ви ја украл идејата за да се покаже пред шефот може да биде заслужен за отворање на некоја нова врата за вас. Којзнае, можеби во иднина повторно ќе треба да соработувате на одредена задача, во други околности.rn
5. Грижете се за себе
rnВие не сте добри за никој друг ако не сте во најдобра состојба, па затоа грижете се за себе, хранете се здраво, спијте, вежбајте итн.rn
6. Променете го начинот на кој го поминувате времето со луѓето
rnНаместо секогаш да се среќавате со пријателите во кафуле, во бар, на јадење или да разговарате со нив по телефон, поканете ги на прошетка или на заедничко возење велосипеди. Така, додека сте заедно, ќе можете да го искористите времето и за вежбање.rnrnОдвојте време за пријателите, за вежбање, за дружење и сл. Никогаш нема да биде лесно како што беше во училиште да имате група пријатели за играње, но не дозволувајте тоа да ве спречи. Поминувањето време со луѓето што ви се важни е драгоцено, па тоа нека ви биде приоритет.rn
7. Бидете љубезни
rnСекогаш кога имате можност да кажете или да направите нешто убаво, сторете го тоа. Да се биде груб или насилен понекогаш може да изгледа забавно, но на крајот навистина не вреди да бидете такви.rn
8. Работете со најдобрите
rnРаботете со и за навистина паметни луѓе, од нив ќе научите многу и ќе си поставите одлична кариерна патека.rn
9. Неуспехот доведува до успех
rnСекоја успешна личност што ја познавате имала падови во текот на животот – така се станува успешна личност. Всушност, неуспесите се дел од процесот.rnrnАко побарате од успешните личности да направат резиме за својата кариера, веројатно ќе ви кажат дека најмногу научиле од работните места на кои не успеале.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn