Секое живо суштество има внатрешен инстинкт кога станува збор за заштита на своите деца. Токму тоа ни го покажува и оваа мајка слон која поминала 11 часа во непрекинато копање со цел да го спаси своето дете слонче кое пропаднало во бунар. Додека малото било во бунарот, таа се обидела буквално на сите начини да го извлече од дупката, започнувајќи од копање, па сè до употреба на нејзината сурла за повлекување.rnrn
rnrnСекоја мајка би сторила сè што е во нејзина моќ за да му помогне на своето дете. Но, за жал мајката слон само ги влошила нештата така што случајно турнала кал од ѕидовите на бунарот, закопувајќи го своето мало бебе уште повеќе. Среќа жителите на околните села во областа Чатра, Индија ја забележале ситуацијата и помогнале при спасување на малото слонче.rnrn
rnrnПогледнете го и видеото од оваа упорна и силна мајка, која без разлика на ситуацијата ниту еднаш не помислила да се откаже од своето мало слонче…rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.