КАФЕ ПАУЗА

Овој двегодишен германски овчар секогаш ќе изгледа како мало кученце

Овој двегодишен германски овчар секогаш ќе изгледа како мало кученце

Повеќето луѓе обожуваат слатки, меки животни, без разлика дали се работи за мачки, кучиња, зајачиња или панди! Колку помало, толку послатко! Па, во овој случај, мајката природа решила да си поигра и создала припадник на една голема раса кучиња како што е германскиот овчар, да изгледа како симпатично мало кученце до крајот на животот. За жал, тоа е цената што мора да се плати. Но, немојте да се грижите, оваа приказна има среќен крај!rnrnrn

Ова е Ренџер!

rnРенџер е целосно пораснат 2-годишен германски овчар, кој и покрај својата возраст е засекогаш заглавен во тело на кученце. Ова се должи на ретката состојба што ја има – џуџест раст поради нарушување на функцијата на хипофизата. Тој бил дијагностициран со џуџест раст по примањето на инјекција за инфекција предизвикана од паразитот наречен гиардија.rnrnrn

Поради својата ретка состојба тој до крајот на животот ќе остане мало кученце

rnСопственикот на Ренџер, Шелби Мајо, се обидела да ја објасни неговата состојба и објаснила дека кога првично го добиле Рeнџер од одгледувачот, тој бил помал од сите други негови роднини, но тие сфатиле дека тоа е затоа што тој имал паразит наречен кокцидија. Во следните недели, го однеле дома и тој бил излечен од паразитот, но подоцна го добил паразитот гиардија. Во исто време, откриле дека Рeнџер има и голема инфекција на вратот. Ја ставиле инфекцијата под контрола, и решиле повторно да го лекуваат кучето.rnrnrn

Кученцето има џуџест раст по лекувањето од инфекција

rnОткако се опоравил од болеста, неговите сопственици забележале дека тој не расте како што треба. Го однеле на ветеринар и откриле за ретката состојба на нивното куче. Болеста предизвикала да му се митари крзното и да му се лупи кожата, но тој надминал сè!rnrnrn

Ренџер сепак успеал да ги преброди сите тешки моменти и сега е среќно куче

rnНе грижете, неговите прекрасни сопственици и зачудувачкиот број следбеници на Интернет се погрижиле тој да го добие вистинскиот третман и сега е целосно закрепнат. Ренџер сега е среќен и здрав и ужива со своите пријатели!rnrnrnrnМожеби сакате да прочитате и за верверичката трендсетерка Џил којашто има свое мече и ја обожува модата.