КАФЕ ПАУЗА

Во кои ситуации шеќерот е повеќе од добредојден?

Во кои ситуации шеќерот е повеќе од добредојден?

Written by

in

,

Можеби сте го намалиле внесот на шеќер или целосно сте се откажале со надеж дека ќе имате поздраво срце или дека ќе го намалите ризикот од дијабетес. Но, не исфрлајте го целосно од домаќинството бидејќи можете да го користите на многу начини.rnrnВо кои ситуации шеќерот е повеќе од добредојден?rn

Пилинг за тело

rnОвој пилинг не може да биде поедноставен, а резултатот е мазна кожа. Само измешајте малку кокосово масло со грст шеќер и истријте го телото.rn

Испукани усни

rnИстиот пилинг можете да го користите и за усните. Само немојте да триете многу силно, а по пилингот нанесете балсам за усни.rn

Груби лакти

rnСтавете малку шеќер на половина лимон и истријте ги грубите делови како што се лактите. Шеќерот е природен ексфолијант поради неговата грануларна форма, но е и извор на гликолна киселина која го изедначува тенот на кожата и ги отстранува мртвите клетки.rn

Отстранете ја мрснотијата

rnШеќерот е одличен сојузник во борбата против мрснотиите. Ако работевте во градината, во гаражата или во кујната, измијте ги рацете со сапун и со малку шеќер за да ја отстраните мрснотијата од вашите дланки.rn

Нахранете ги растенијата

rnРастенијата сакаат глукоза исто како и ние. Измешајте три лажички шеќер со две лажички оцет и додајте ги во вазната со вода. Оцетот ќе го спречи развојот на бактериите, а шеќерот ќе го зацврсти растението и ќе им помогне на цвеќињата да останат живи подолго.rn

Смирете го пожарот во устата

rnЈадевте нешто луто и сега се каете. Млекото не е единствениот начин за ублажување на пожарот во устата. Ставете малку шеќер на јазикот за да ја ублажите лутината.rn

Дамки од кармин

rnАко дамката од кармин не исчезнала при перењето, следниот пат нанесете паста од шеќер и вода. Оставете ја пастата да стои еден час и потоа исплакнете со вода.rn

Исчистете ја мелницата за кафе

rnНе можете да се откажете од добрата, стара мелница за кафе. Ако ја исчистите со шеќер, таа ќе работи подолго и подобро. Исто така, шеќерот ќе го апсорбира мирисот од остатоците од зрната кафе и од зачините што сте ги мелете.rn

Спречува мувлосување на сирењето

rnЧувајте го сирењето во херметички затворен сад во кој ќе ставите коцка шеќер.rnrnАко сте се откажале од белиот шеќер и како замена користите кафеав, тогаш прочитајте ги овие вистини и митови за кафеавиот шеќер.