Ситните топчиња познати како пом-пом повторно се враќаат во мода, подготвени да ги освежат вашите летни комбинации. Ако барате парче облека што е привлечно и пријатно за носење, пом-пом маиците се совршени за вас. Ако сакате да пробате различни комбинации и да му се препуштите на моментот, комбинацијата на ваквите маици со весели летни здолништа или шорцови е навистина полн погодок.rnrn
rnrnМожете да создадете женствен изглед со комбинирање кратка маица со шарени топчиња и неутрална варијанта на кратки панталони. Исто така, многу привлечни се и белите пом-пом маици го голи рамења во комбинација со тексасни шорцови.rnrn
rnrnОвие маици се совршени за модерна комбинација, за спортски изглед и за вечерни излегувања. Пом-пом маиците не бараат дополнителен накит, ниту пак впечатливи обувки. Класичните црни очила и големиот шешир ќе бидат доволни за да изгледате неодоливо.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие шармантни марами за коса што мора да ги пробате ова лето.
Неочекуван летен хит: Пом-пом маици
