Овие раси кучиња повеќе сакаат да лежат на каучот отколку да бидат надвор

Сподели

Овие раси кучиња бараат помалку простор за трошење на својата енергија и се благодарни што ги чувате внатре. Ова не значи дека воопшто не им требаат внимание и грижа, туку дека се малку помирни од другите кучиња. Сепак, тие ќе сакаат да одат на прошетка, но исто така ќе ви прават друштво додека ги гледате омилените серии.rn

Реклама

Булдог

rnПотребна им е физичка активност за да немаат проблеми со вишокот килограми, но не смеете да претерувате. Тие знаат да бидат чувствителни на долго изложување на сонце и високи температури, а најмногу сакаат да лежат на каучот.rn

Чивава

rnТие ќе ве следат на секој чекор додека сте во вашиот дом и со задоволство ќе излегуваат на кратки прошетки, но не им требаат многу активности.rn

Чау чау

rnОвие кучиња се малку поголеми, но не сакаат да се движат премногу и да играат со странци и со други кучиња. Тие сакаат да поминуваат многу време со своите сопственици, кои им се неизмерно посветени и на многу начини личат на домашни мачки.rn

Тулеарско кадраво куче

rnОвие кучиња се активни и сакаат да играат, но сите нивни потреби може да се задоволат и внатре. Единствено им е важно да им набавите многу играчки за да не им биде здодевно.rn

Малтезер

rnОвие кучиња се приспособуваат на вашиот животен стил и не се премногу гласни. По природа се мирни, сакаат да ви прават друштво во што и да правите и ќе ви бидат благодарни за вниманието.rn

Мопс

rnТреба да вежбаат многу за да останат во форма, но не премногу, за да не се преморат. Тие претставуваат една од најпопуларните урбани раси поради својата приспособливост, но и посветеноста кон сопствениците.rn

Шар-пеј

rnОвие кучиња им се многу лојални на своите сопственици и ќе се обидат да ги заштитат по секоја цена затоа што не сакаат премногу непознати луѓе. Важно е да бидат во контакт со други кучиња додека се мали и да бидат добро дресирани за да не станат агресивни и недоверливи.rn

Басет

rnТреба да го носите на прошетка барем еднаш во денот, а кучето ќе ужива во тоа, но кога ќе се врати дома, веднаш ќе почне да дреме.

Овие 10 раси кучиња изгледаат како меки топчиња, дури и кога ќе пораснат.

Популарно

Може ќе ве интересира