8-годишната Дејзи-Меј Димитри е ѕвездата на најновата кампања за облека за деца од Ривер Ајлнд, и фотографиите со неа се многу инспиративни. Таа носи слатка облека што ѝ одговара со простетските нозе и изгледа навистина одлично!
Дејзи-Меј била дијагностицирана со фибуларна хемимелија (недоразвиени фибурални коски) кога се родила, па како резултати и двете нејзини стапала биле ампутирани кога имала само 18 месеци. Но, тоа воопшто не ја спречило да направи кариера како модел и манекенка или пак, да вежба во теретана со татко ѝ.
Претставник на компанијата објаснува зошто ја одбрале токму неа:rn
„Ние ги најмуваме моделите во однос на тоа кој најдобро одговара за специфичната кампања. За новата колекција спортска облека, ни беше потребен модел што има многу енергија и што изгледа одлично во парчињата облека. Дејзи-Меј Димитри совршено одговараше во сите точки. Бонус е фактот што таа има и љубов за сè што е поврзано со спортот.“
rnДејзи-Меј потпишала договор со агенција што ги претставува луѓето со инвалидитет, и брзо потоа имала можност да оди на пистата за време на Лондонската модна недела во Февруари оваа година.rn
rn
rnrnrn
rn
rn
Таа често е барана од страна на големи имиња за модни кампањи, но кога не ја фотографираат, најчесто можете да ја најдете во теретаната или пак, како игра фудбал.rn
rn
rnrnrn
rn
rn
Таа е вистинска инспирација за целиот свет, како и доказ дека соништата се остваруваат без разлика на пречките на патот… А ако ви е потребна дополнителна инспирација, погледнете ја и оваа манекенка која прошетала на модната писта доејќи го своето дете.

