Одамна се зборува, пишува и се дебатира за идеалната разлика во годините помеѓу жената и мажот.rnrn
rnrnДали некогаш сте слушнале за љубовно правило дека мажите треба да изберат жена која има половина од нивната возраст, плус 7 години? Како по правило, партнерите со оваа разлика во годините би имале совршена врска.rnrnОва правило во Америка е наречено „џентлменско“ и постои уште од 1901 година. Тогаш била објавена успешната книга на Макс О’Рел, „Нејзиното височество жена и неговото височество Купидон“, во која се наведува оваа разлика во годините.rnrnВо неа О’Рел пишува дека мажот треба да се ожени со жена која има половина од неговите години плус 7 и дека ова правило може да се испроба во секоја доба и да се согледа дека тоа прекрасно функционира.rnrnОва правило се чини дека денес се почитуваат некои од славните парови како: Џорџ и Амал Клуни, Доналд и Меланија Трамп, Мери-Кејт Олсен и Оливер Саркози – дамите ја имаат половина од возраста на мажите, плус седум години.rnrn
rn
Дали „џентлменското правило“ е навистина добро?
rnСпоред експертот за врски Сузан Винтер, ова правило не е добро затоа што душите што се совпаѓаат сами се пронаоѓаат, без оглед на разликата во годините.rnrnНејзиниот колега Рејчел Русо додава дека она што е поважно е во која животна фаза се наоѓаат двајцата партнери и дали ги следат истите вредности, како на пример дали сепак стапуваат во врска без оглед на разликата во годините.rnrnРусо уште вели дека ова правило функционира подобро за мажите отколку за жените. Според неа веројатноста 30-годишник да излегува со 22-годишна девојка е поголема од обратниот случај. Ако жената е повозрасна, нејзината зрелост и подготвеност за сериозна врска секогаш би доаѓала до израз, за разлика од таа на мажот.rnrnПатем, Макс О’Рел во второто поглавје од својата книга напишал еден совет до мажите дека никогаш не треба да се женат со жена која е побогата, повисока или постара од нив.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 9-те научно докажани знаци дека вашиот брак ќе трае засекогаш.